Спорт
ПСЖ одлучил да го продаде Нејмар на Челси за 60 милиони евра
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, се согласил да го продаде бразилскиот фудбалер Нејмар на Челси за 60 милиони евра, пренесува каталонски „Спорт“.
Шпанските медиуми тврдат дека Ал-Келаифи разговарал со претседателот на Челси, Тод Боели, а наводно било договорено Нејмар да се пресели во лондонскиот клуб по крајот на сезоната.
Бразилскиот фудбалер пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, но не успеа да му го донесе трофејот во Лигата на шампионите на клубот од Париз.
Ал-Келаифи наводно е лут на Нејмар, откако бразилскиот фудбалер отиде на турнир во покер по поразот на ПСЖ од Баерн (0:1) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а претходно имаше конфликт со спортскиот директор Луис Кампос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шахин е соочен со отказ, Тен Хаг ќе ги преземе „милионерите“
Борусија Дортмунд е во катастрофална форма. Како и секогаш, цехот најверојатно ќе плати тренерот, во овој случај тоа е Нури Шахин. Медиумите тврдат дека претстојниот натпревар против Болоња во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбина на Шахин на клупата на Борусија.
Клупските челници, според германските медиуми, веќе работат на овој случај. Прв пик за нов тренер е Ерик Тен Хаг. Поранешниот менаџер на Манчестер унајтед минатата недела бил во Дортмунд, а многумина тврдат дека тој не дошол само да го гледа тренингот на „милионерите“, туку се сретнал и со клупските челници.
Покрај за тен Хаг, клубот е заинтересиран и за Себастијан Хенес, но Штутгарт нема да го пушти, а неговата откупна клаузула е осум милиони евра.
Тен Хег работеше како тренер во Б тимот на Баерн во периодот кога Пеп Гвардиола ги водеше Баварците, па не му е непознат германскиот фудбал.
Доколку Дортмунд доживее пораз од Болоња и го загрози пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите, не е невозможно Тен Хаг до крајот на неделава да биде именуван во нов тренер.
Спорт
Аморим е во право, ова навистина е најлошиот тим на Јунајтед во историјата
Кризата на „Олд Трафорд“ не стивнува. Манчестер јунајтед трет пат во низа е поразен од Брајтон на домашен терен, на последните шест натпревари Јунајтед има четири порази, три од нив се на домашен терен.
Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 13. место со 26 поени. Претходниот пат „ѓаволите“ беа послабо рангирани по 22 кола во сезоната 1989/90, кога беа на 15. место со 24 бода.
„Навистина ми е жал што навивачите страдаат. Можеби сме најлошиот тим во клупската историја“, изјави тренерот Рубен Аморим, кој на клупата на Манчестер јунајтед претрпе седум порази на 15 натпревари.
Навивачите на Манчестер јунајтед можеби се загрижени поради тоа што Португалецот најави уште потешки денови.
„Нема да го менувам начинот на игра. Јасно ми е дека играчите ќе страдаат и жал ми е што ќе страдаат и навивачите, но нема да се откажам од идејата со која дојдов овде. Имам начин да постигнам резултати, но мора да го преживееме овој момент – изјави Рубен Аморим.
Сепак, навивачите на „црвените ѓаволите“ можат да заборават на прогнозата на Аморим дека Јунајтед би можел да испадне од Премиер лигата. Можеби ќе паднат уште неколку места до крајот на сезоната, но позициите за промоција во Чемпионшип се чини веќе се резервирани.
Спорт
Дукати го претстави Дезмоседичи за 2025
Тимот на Дукати, во Мадона ди Кампиљо, го претстави новиот нотоцикл за сезоната 2025. За Дукати ќе возат Марк Маркез и Франческо Бањаја.
Во споредба со минатата сезона, овогодинешниот Дезмоседичи претставува еволуција на претходните модели, а во однос на изгледот нема речиси никакви измеми, преовладува црвената боја со примеси на црна.
Дукати остана без титула минатата сезона, барем што се однесува до фабричкиот тим, бидејќи Хорхе Мартин го победи Франческо Багнаја и стана првиот шампион во Мото ГП што ја освоил круната како возач на приватна екипа – Прамак. Шпанецот ја префрли својата единица во Априлија, на која и се приклучи по освојувањето на титулата, а на негово место дојде Маркез.
И покрај тоа што не ја одбрани титулата, Бањаја имаше одлична сезона во која забележа 11 победи на 20 трки. Сепак, грешките што ги направи, особено во спринтот, придонесоа Мартин да победи.
Осумкратниот светски првак, Марк Маркез ги бранеше боите на Гресини Дукати и го освои третото место на шампионатот. За Шпанецот, тоа беше првпат да заврши во Топ 3 од 2019 година, кога ја освои својата последна титула.
Пред Дукати, Трехаус, Априлија и Гресини ги покажаа своите адути за за новата сезона.
Овогодинешниот шампионат започнува со Големата награда на Тајланд.