Спорт
ПСЖ сака да го продаде Нејмар, но повредата може да го спречи трансферот
Францускиот првак Пари Сен Жермен планира голема реконструкција на тимот. Најверојатно ќе замине и тренерот Кристоф Галтие, а како ново решение за клупата се споменува Зинедин Зидан.
Раководството на клубот сака да се ослободи и од скапоплатените ѕвезди. Тимот ќе се гради околу Килијан Мбапе, додека намерата е да заминат Нејмар, но и Лионел Меси, кој добива огромни свирежи на последните неколку натпревари.
ПСЖ на Меси му упати нова понуда, но со 75 отсто намалување на сегашната плата од 40 милиони евра. Јасно е дека Аргентинецот нема тоа да го прифати и дека ќе си замине.
Се чини дека поголемиот проблем на „светците“ е како да се ослободат од Нејмар.
Повредата која ја претрпе Бразилецот за време на првенствениот натпревар против Лил во средината на февруари може да влијае на остатокот од неговата кариера. Француските медиуми пишуваат дека парискиот клуб со задоволство би се ослободил од него во вносен трансфер, но стравуваат дека нема да можат да го сторат тоа.
Нејмар ги оштети лигаментите на десниот скочен зглоб, поради што мораше да оди на операција. Прогнозата на клубот беше опоравување од околу четири месеци, но сега се пишува дека Нејмар би можел да закрепне уште подолго. Ова ги нарушува плановите на францускиот шампион.
Парижаните сакаат да го продадат Нејмар, но се докажува дека тој е лесно подложен на повреди. Ова може да влијае на резултатите од евентуалните лекарски прегледи на заинтересираните клубови и да резултира со негово останување во Париз.
Нејмар одлично ја започна сезоната и во првиот дел постигна 11 гола со девет асистенции. Ситуацијата за него се промени на полошо по враќањето од Светското првенство во Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Павловиќ во Баерн до 2029 година
Германскиот репрезентативец и играч на Баерн, Александар Павловиќ го продолжи договорот со баварскиот великан до летото 2029 година.
Павловиќ, кој непосредно пред ЕП ја одби понудата да игра за Србија, земја од која потекнуваат неговите родители, поради проблем со крајниците, два дена пред почетокот на ЕУРО 2024 го напушти кампот на репрезентацијата.
„За жал поради воспаление на крајниците нема да играм на Европското првенство, но воодушевен сум што мојот договор со Баерн е продолжен до 2029 година. Тоа покажува дека клубот има верба во мене. Баерн е мојот дом. Горд сум, среќен и благодарен, сакам да освојувам трофеи со тимот и да продолжам со мојот личен развој“, изјави Павловиќ за клупската веб-страница.
За тимот од Минхен одигра 22 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Инцидент во Хамбург: Со секира нападнал полицајци
Голем инцидент се случи во Хамбург, во пресрет на натпреварот меѓу Холандија и Полска.
Во центарот на Хамбург, полицијата застрела и тешко повреди маж кој кон на полицијаците најпрвин им се заканувал, а потоа со секира тргнал кон нив.
Инцидентот се случил недалеку од фан зоната на холандските навивачи, околу 12:30 часот.
Холандија и Полска ќе играат од 15.00 часот во натпреварот од првото коло од групата Д.
Спорт
(Видео) Осимен во живо на Инстаграм му врачи отказ на селекторот
Виктор Осимен, нигериски напаѓач вреден 100 милиони евра, со една објава на Инстаграм „му врачи“ отказ на селекторот Финиди Џорџ.
Нигерија не игра добро во квалификациите за Светското првенство, а по поразот од Бенин, прашање е дали оваа репрезентација ќе избори место на Мундијалот во 2026 година.
Осимхен поради повреда ги пропушти натпреварите против Јужна Африка и Бенин (реми и пораз) во квалификациите за Светското првенство.
Селекторот Финиди Џорџ наводно рекол дека не можел да го моли Осимхен на колена да игра за Нигерија. Оваа изјава предизвика без кај напаѓачот на Наполи.
Во директен пренос на Инстаграм му одговори на селектор: „Се повредив на последниот натпревар во првенството и не прифаќам шпекулации. Секогаш играв со срце за репрезентацијата и покрај повредите. Изгубив секаква почит кон тренерот. Ќе му го покажам мојот здравствен картон. Јас барав да бидам со соиграчите и покрај тоа што сум повреден“.
После тоа, некој од неговиот тим му го зеде мобилниот телефон на Осимхен.
Финиди по оваа објава доби отказ. На функцијата селектор на Нигерја се задржа само два месеци.
Victor Osimhen lambastes Finidi George for singling him out for criticism.
— YabaLeftOnline (@yabaleftonline) June 15, 2024