Спорт
ПСЖ подготвен за радикални промени

Сопствениците на ПСЖ се подготвени да направат радикални промени во работењето на клубот. Се чини дека тие ќе стават крај на мегаломанските трошења во преодните рокови. Јасно е зошто се подготвени да направат тотален пресврт во трансфер политиките на клубот. ПСЖ и покрај огромните вложувања не успева да ја оставри целта, односно да ја освои Лигата на шампиони.
Како што пренесува „Ле Парисиен“, Луис Кампос, спортскиот директор на ПСЖ, на трансфер листата ќе го стави секој играч кој не се докажал или нема го стори тоа до крајот на сезоната.
Исклучок ќе бидат: Мбапе, Донарума, Нуно Тавареш, Хакими, Данило, Верати и Маркињос. Што и да се случи до крајот на сезоната ПСЖ нема да се откаже од овие фудбалери.
Ова значи дека од француската престолнина во текот на летото може да си заминат имиња како Меси, Нејмар или Серхио Рамос.
Меѓу желбите на ПСЖ се Кефрен Турам од Ница, Коло Муани од Ајнтрахт, Јусуф Фофана од Монако, Ману Коне од Борусија Менхенгладбах и Рајан Черки од Лион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.