Спорт
ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман
ПСЖ го официјализираше трансферот на најдобриот руски голман, Матвеј Сафонов. Кранодар од трансферот заработи 20 милиони евра.
Матвеј Сафонов е најдобриот голман излезе од Русија уште од времето на легендарниот Игор Акинвеев.
ПСЖ го донсе Сафонов да му биде резерва на Џиџи Динарума, бидејќи договорите им завршија на Кејлор Навас и Серхио Рико.
Сафонов е првото засилување за ПСЖ за новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
На голманот на Унион Берлин му ја ампутираа ногата: Само така можеше да преживее
Германскиот бундеслигаш Унион Берлин на своите социјални мрежи објави дека голманот Беркин Арсланогулари се бори со рак на коските.
Клубот истакна дека на 19-годишниот голман му е потребна поддршката од навивачите.
Но, она што не клубот не сакаше да го открие, го направи германски „Билд“. Според овој медиум на Арсланогулари му била ампутирана потколеницата од левата нога.
Тоа, се посочува, бил единствениот начин да се запре ширењето на болеста.
„Лекувањето, рехабилитацијата и новите услови за живот чинат многу, а финансиските можности на неговото семејство се исцрпени. Еден пријател на семејството затоа започнал кампања за собирање средства“, вели „Билд“.
Арсланогулари ги помина сите младински категории на клубот од Берлин, а првиот тим дебитираше на пријателски натпревар во март.
„Веќе надминав многу препреки во мојот живот. Ќе се борам против оваа болест со сите средства што ги имам. Им благодарам на сите“, ја пренесува неговата изјава „Билд“ и додава дека младиот човек е на хемотерапија.
Спорт
Баерн ќе бара 140.000.000 евра за Мусијала
Баерн интензивно преговара со Џамал Мусијала. 21-годишникот има договор со Баварците до 20.јуни 2026 година.
Баерн сака да го задржи Мусијала, но не по секоја цена. Како што тврдат германските медиуми, клубот не сака да ги исполни неговите финансиски барања. Мусијала бара неделна плата од 350.000 евра.
Преговорите меѓу двете страни ќе продолжат, доколку не успеат, Баерн е подготвен да го продаде Мусијала, но не за сума помала од 140.000.000 евра.
Интерес за фудбалерот на Баерн покажаа Реал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Мусијала од Челзи се пресели во Баерн пристигна во 2019 година. За клубот од Минхен одигра 167 натпревари и постигна 45 голови.
Спорт
Перишиќ преговара со ПСВ Ајндховен
Иван Перишиќ е слободен играч откако го напушти Хајдук. Тој интензивно бара клуб каде ќе ја продолжи кариерата, а досега најчесто се споменуваше во контекст на преселба во некој од италијанските тимови. Неговото име на тој начин се поврзуваше со Монца, Комо и Фиорентина.
Новинарот Фабрицио Романо има поинакви информации, тој тврди дека Перишиќ е во преговори со ПСВ, актуелниот шампион, моментално водечки и непоразен клуб во холандскиот шампионат оваа сезона.
Перишиќ минатата сезона на спектакуларен начин беше пречекан во Сплит. Тој пристигна повреден, но навивачите се надеваа дека тој може да придонесе за тимот кога ќе закрепне. Неговите настапи не беа на високо ниво. Одигра 12 натпревари и постигна само еден гол. По конфликтот со тренерот Џенаро Гатузо, тој го раскина договорот.
Перишиќ кој во кариерата има одиграно 134 натпревари за Хрватска, настапуваше за гиганти како Борусија Дортмунд, Интер, Баерн и Тотенхем и освои титули во италијанското и германското првенство, како и во Лигата на шампионите.