Спорт
ПСЖ започнале преговори со Лукаку

ПСЖ покажале сериозен интерес за Ромелу Лукаку. Белгиецот и во вториот мандат не успеа да се наметне во Челси. Извесно е дека „сините“ ќе се разделат со напаѓачот кој од почетокот на сезоната има постигнато само седум гола.
Напаѓачот не е задоволен од престојот на „Стенфорд Бриџ“. Тој од почетокот на годината јавно кажа дека сака да се врати во Интер. Засега нема најави дека Интер работи на враќањето на Лукаку, но „Дејли мејл“ тврди дека ПСЖ ги започнале преговорите со менаџерот на фудбалерот.
Челси, минатото лето, за Лукаку платија 115.000.000 евра. Се претпоставува дека ПСЖ би можеле да го обезбедат неговиот потпис за околу 70.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.
Спорт
Куртоа апсолутен рекордер во Лигата на шампионите

Тибо Куртоа, заедно со Карим Бензема и стрелецот на единствениот гол во финалето, Винисисус жуниор го обележа патот на Реал до 14.титула европски првак.
Белгиецот заклучно со нестварните девет одбрани во финалето против Ливерпул, сезоната ја заврши со 59 одбрани, што е апослутен рекорд во Лигата на шампионите.
Тој забележа осум чисти одбрани, како и на осминафиналето со Пари Сен Жермен, односно во реванш полуфиналето против Манчестер Сити.
Тоа е она што на крајот не се гледа, но клучно е Реал што Реал успеа секој пат да се извлече од тешките ситуации. .
Од неговите вечерашни одбрани допрва ќе се прават компилации.
Главни ќе бидат оние оние од 21. минута против Мане, односно 69. и 82. минута, кога магично ги запре ударите на Мохамед Салах.
Спорт
Куртоа херој – Реал ја освои европската титула

Фудбалерите на Реал Мадрид 14.пат во клупската историја ја освоија титулата во Купот/Лигата на шампионите. Во 66.финале, Реал на стадионот Франција, го победи Ливерпул со 1:0 (0:0).
Реал, во најголемиот дел од натпреварот беше во подредена положба, но на голот го имаше брилијантниот Тибо Куртоа, кој имаше девет интервенции, четири од нив беа чисти шанси за гол.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 59.минута кога Винисусис жуниор го постигна единствениот гол на натпреварот.