Спорт
Пулишиќ ги крена Челси против „чеканите“, Барнли излезе од зоната за испаѓање

Челси стигна до драматична 1:0 победа над Вест хем во лондонското дерби, додека Барнли со 1:0 го совлада Вулверхемптон за да излезе од зоната за испаѓање и да ги остави таму Евертон пред големото Мерсисајд дерби.
Челси не успеаја да искористат повеќе шанси, вклучувајќи го и пеналот на Жоржињо во 88. минута по фаулот над Ромелу Лукаку, но на вистинското место се најде Кристијан Пулишиќ во 90. минута за трет пораз на „чеканите“ во последните 5 меча со што си ги намалија шансите за европски пласман.
Голот на Матеј Видра во второто полувреме беше доволен Барнли да ја забележи втората победа едноподруго по отпуштањето на менаџерот Шон Дајч, за да се искачат на 17. место на табелата со 33 поени, два пред Евертон, кои сепак имаат два меч помалку.
ПРЕМИЕРЛИГА, 34.КОЛО
Челси – Вест хем 1:0
Барнли – Вулверхемптон 1:0
Брајтон – Саутемптон 2:2
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин