Спорт
Пулишиќ ќе го напушти Челси

Фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ, во јануари би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“, незадоволен од својот статус во тимот.
Според англиските медиуми, Американецот веќе се согласил да се пресели во Њукасл. Потребно е трансферот да го одобри неговиот актуелен клуб. Њукасл подготвил 40.000.000 евра за репрезентативецот на САД.
Договорот на Пулишиќ со Челси истекува во јуни 2024 година.
Пулишиќ не е задоволен од статусот што го има во тимот. Малку играше кај Томас Тухел, а работите не се сменија и со доаѓањето на Греам Потер. Само два натпревара почна во стартната постава во Премиер лигата оваа сезона и постигна само еден гол во сите натпреварувања.
Пулишиќ на „Стенфорд Бриџ“ пристигна во 2019 година од Борусија Дортмунд за 64.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.