Спорт
Раде Круниќ се враќа во Серија А?

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ, експресно би можел да се врати во Италија. Круниќ, во јануарскиот преоден рок од Милан замина на позајмица во Фенербахче.
Според турските медиуми, Лацио е заинтересиран за услугите на Круниќ.
Хрватскиот стручњак Игор Тудор им препорачал да на клупските челници да го ангажираат 30-годишен играч од средниот ред, кој забележа 13 настапи за Фенербахче.
Круниќ, според договорот склучен во јануари има клаузула, според која на крајот на позајмицата ќе стане играч на тимот од Истанбул. Во тој случај Фенербахче мора да му плати на Милан 4.600.000 евра.
Доколку Круниќ се согласи да се врати во Италија, тогаш оваа сума Лацио би му ја платил на Милан.
Во текот на кариерата, пред Милан, играше за Емполи, Борац од Чачак и Доњи Срем. Фудбалерот од БиХ беше стандарден во тимот на Стефано Пиоли, во 2022 година кога Милан ја освои титулата во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти ќе го плати цехот за дебаклот од Арсенал

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид. Оваа вест, ден по дебаклот во Лондон и поразот од 3:0 во дуелот со Арсенал, ја пренесоа бројни мадридски медиуми. Според овие извори само чудо може да го спаси Анчелоти, а тоа е да се освои или Лигата на шампионите или Ла Лига.
Ваквото сценарио е доста тешко во овој момент, бидејќи Арсенал победи со 3:0, а Барселона му бега на Реал на четири бода и го пречекува на 11 мај.
„Релево“, пишува дека Флорентино Перез веќе тргнал во нова офанзива по потписот на Чаби Алонсо.
Шпанецот ова лето беше прва желба на претседателот на Реал Мадрид, но тој реши да остане уште една сезона во Баер Леверкузен.
Сега ситуацијата е поинаква, се знае дека негов сон е клупата на Реал Мадрид и тешко дека повторно ќе може да му каже „Не“ на Флорентино Перез.
Да потсетиме, Реал Мадрид се уште може да го освои Купот на кралот, во финалето ќе игра против Барселона на 26 април, но овој трофеј не моѓе да ги задоволи клупските апетити.
Инаку, Анчелоти во вториот мандат освои две Лиги на шампиони, во 2022 и 2024 година, заедно со два трофеи во Ла Лига, Купот на кралот, СП за клубови и европскиот и шпанскиот Суперкуп.
Спорт
(Видео) Алекс Волкановски на УФЦ 314 ќе настапи со специјален македонски шорц

Легендарниот ММА борец Александар Волкановски долго време владееше со категоријата до 66 килограми во УФЦ, но во последно време не му оди толку добро во октагонот.
Поранешниот шампион претрпе три порази на последните четири дуели, а на последните два меча претрпе тешки нокаути, од Ислам Махачев и Илија Топурија.
„Волк“ сега има можност да се врати на победничките патеки, но задачата не е лесна. Тој ќе учествува во главната борба на УФЦ 314 настанот, а ривал ќе му биде Бразилецот Диего Лопез, кој се прослави во Мексико.
Волкановски (26-4) ќе има специјална опрема за настанот на УФЦ кој е закажан за претстојниот викенд.
На шорцот ќе ги носи боите и сомболите на три земји, татковината на Александар Австралија, како и земјите од кои 36-годишникот влече корени. Неговата мајка е со грчко потекло, а татко му по потекло од Македонија. Потекнува од село Беранци.
УФЦ 314 започнува во недела наутро во 04:00 часот по средноевропско време, а ќе се одржи во „Касеја Центар“, сала во Мајами каде што настапуваат и НБА франшизата Хит.
First look at Alexander Volkanovski in his custom shorts
@ufc #UFC314 pic.twitter.com/kr5utBbBx1
— Championship Rounds (@ChampRDS) April 8, 2025
Спорт
Динамо го отпушти Фабио Канаваро

Фабио Канаваро (51) повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Не е познато кој ќе го води Динамо против Осиек во 29. коло од хрватскиот шампионат, во сабота.
Канаверо доби отказ по неполни три и пол месеци. Динамо му врачи отказ на третиот тренер сезонава. Сезона 2024/25. започна со Сергеј Јакировиќ, а потоа во септември беше заменет со Ненад Бјелица. Канаваро во Загреб пристигна на 29 декември минатата година. Потпиша договор со Динамо до летото 2026. Се претпоставува дека Канаваро во Динамо имал годишна плата од 1,5 милиони евра, а неговиот персонал 500 илјади евра годишно.
Италијанецот загуби со 3:0 од Истра во 28. коло, со што актуелниот шампион заостана осум бода зад лидерот Хајдук и седум бода зад Риека на осум кола до крајот.
Доколку не ја одбрани титулата, Динамо следната година нема да може да игра во Лигата на шампионите, што ќе претставува голем удар за буџетот на клубот.
Официјално буџетот на Динамо за оваа година е 67 милиони евра, а приходите од натпреварувањата на УЕФА требало да бидат околу 24 милиони евра. Без Лигата на шампионите таа сума ќе биде значително помала.
Во 14 натпревари со Динамо, Канаваро победи седум пати и имаше дури пет порази.