Спорт
Раџа го спореди Дончиќ со Бодирога: Тоа се играчи со мади.а!
Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа ги прокоментира игрите на словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ во НБА лигата.
„Знаев дека ќе биде добар, но не толку рано. Ова момче рано покажа дека е многу зрел. Неверојатно е талентиран, многу работи, има добри чекори затоа што прво играше за јуниорите на Реал Мадрид, па за сениорите, освојуваше трофеи. Не очекував дека толку добро ќе одигра во неговата прва сезона“ нагласи Раџа.
Хрватот го спореди Дончиќ до екс-српскиот кошаркар, Дејан Бодирога.
„Ме потсетува на Бодирога. Тој беше играч со големи мади.а и неверојатен талент“ нагласи Раџа.
Прославениот кошаркар истакнува дека НБА лигата сега е поинаква за разлика од времето кога тој отиде да го оствари својот „американски сон“.
„Беше тешко кога ние доаѓавме во лигата. Кога Лука дојде во Далас му ги дадоа клучевите од градот, мене ми дадоа дресови да однесам на перење. Дивац, Сабонис, Дражен, Тони и јас бевме пионери и тешко е да се разгази патот“ вели Раџа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

