Спорт
Рафа повреден и за „виртуелен“ тениски меч

Рафаел Надал во својата блескава кариера надмина огромен број повреди, но и на 33 години доживеа нешто ново – мораше да се повлече од виртуелен меч поради повреда на грбот.
19-кратниот гренд слем шампион побара одложување на виртуелниот меч против jутјуб-гемјер поради „проблеми со грбот“, тврди директорот на Мадрид опен и негов поранешен соиграч од Дејвис купот, Фелисијано Лопез. Надал прво го одигра мечот против Денис Шаповалов, но потоа му признал на Лопез дека поради повреда ќе мора да го одложи вториот меч против шпанскиот „јутјубер“ Диџеј Марио.
Надал е еден од 32-те тениски ѕвезди кои требаше да учествуваат во компјутерскиот турнир на виртуелна верзија на Мадрид опен.
33-годишниот Надал е во иста група со Британецот Енди Мареј, кој го победи Беноа Пер во првиот меч. Групната фаза на турнирот продолжува и во вторник и в среда пред полуфиналињата в четврток. Мечевите се состојат од еден сет во прв до три, со тај-брејк ако дуелот е израмнет на 3:3.
#gorafi #nadal #virtualwounds
Madrid Open Virtual Pro : Rafael Nadal, touché au dos, jouera son deuxième match mardi – Tennis – esport https://t.co/sw0TLV2LYu via @lequipe— frederic maccherotti (@FMaccherotti) April 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабонис ќе отсутвува поради проблем со тетивата

Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако ја истегна тетивата на натпреварот против Хјустон.
Сакраменто објави дека најдобриот скокач во лигата оваа сезона ја истегнал левата тетива и дека следната недела повторно ќе ја објават состојбата на Сабонис.
Сабонис се повреди ноќта меѓу саботата и неделата на натпреварот против Хјустон (113:103).
Оваа сезона Сабонис во 56 натпревари има просек од 19,5 поени, 14,1 скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Спорт
Фонсека исклучен, се скара со судијата, му се заканува седуммесечна суспензија

Лион на домашен терен го совлада Брест со 2:1 во 24. коло од францускиот шампионат. Кени Лала ги доведе гостите во водство во 15. минута, а Лион направи пресврт благодарение на двојниот стрелец Александре Лаказет, кој погоди во 24. и 82. минута.
Во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко протестираше на одлуките на судијата Беноа Мило.
Откако доби црвен картон Фонсека полуде, му се внесе во лицето на судијата и врескаше, играчите за момент го оддалечија, но тој веднаш се сврте и тргна во нов вербален напад.
По завршувањето на натпреварот Фонсека се извини пред камерите на „DAZN“.
„Се извинувам за моето однесување, не требаше да реагирам на ваков начин. Фудбалот нè наведува да правиме работи кои се погрешни. Се извинувам”, изјави Фонсека, кој го наследи Пјер Саше на клупата на Лион на крајот на јануари.
На пет натпревари има три победи и два порази, а неговиот тим е на шестото место во Лига 1.
Францускиот медиум „RMC“, пишува дека Фонсека се соочува со суспензија до седум месеци, во зависност од тоа што ќе пишува во конечниот извештај и дали експресното извинување ќе ја ублажи казната.
Спорт
(Видео) Доминација на Луис Суарез во Хјустон

Интер Мајами без Лионел Меси, но со Луис Суарез забележа убедлива победа во Хјустон 4:1.
Уругвајскиот ветеран директно учествуваше во головите на Интер. Најпрвин забележа хет-трик со асистенции, за головите на Сеговија (два) и Аљенде.
Во 79.минута Суарез го постигна првиот гол оваа сезона, со што ја комплетираше брилијантната партија.