Спорт
Рахим Стерлинг доаѓа во Милан?
Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити, кој истекува во летото 2023 година. Поранешниот фудбалер на КПР и на Ливерпул, изјави дека ќе почека до јуни и крајот на обврските со репрезентацијата на Англија во Лигата на нации додека не ја донесе конечната одлука. Сепак, очигледно е дека нема ништо од продолжување на соработката со „граѓаните“, што значи дека клубот ќе сака да го продаде ова лето.
Медиумите на Островот откриваат дека Стерлинг не е заинтересиран за понудите на Арсенал и на Тотенхем, па многу веројатно е дека ќе ја напушти Премиер – лигата.
За него голем интерес покажува и Милан кој е пред освојување на титулата во Серија А. Стерлинг би можел да се приклучи на новиот проект на „росонерите“ и да ја прифати поканата за преселба во Милано.
Стерлинг оваа сезона за „граѓаните“ одигра 46 натпревари, постигна 17 гола и запиша осум асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо го поврзуваат со трансфер во европската сензација
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да се врати во Европа, пренесуваат саудиските медиуми.
Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, во Ал Наср на почетокот на 2023 година.
Според информациите, Баер Леверкузен на чело со Чаби Алонсо е заинтересиран за Кристијано.
Стратегот на „фармацевтот“ е добар пријател со Роналдо, кој со години му беше соиграч во Реал Мадрид.
Роналдо е главната ѕвезда во Арабија, па вистинското прашање е дали има желба повторно да се докаже на највисоко ниво на 39 години.
Оваа сезона има учинок од 42 гола на 41 натпревар.
Во текот на кариерата играше за Спортинг, Манчестер унајтед,Реал Мадрид и Јувентус.
Пет пати ја освојуваше „Златната топка“.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.