Спорт
Ракометарите против Португалија, Турција и против Луксембург во квалификациите за ЕВРО 2024
Ракометната репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Селекцијата на Кире Лазаров ќе игра против Португалија, Турција и против Луксембург.

На Европското првенство одат сите првопласирани и второпласирани селекции од групите и четири репрезентации од осумте групи кои ќе завршат на третата позиција.
Квалификациите почнуваат во октомври 2022, прозорец ќе има и во март, а завршуваат во април 2023 година.
Македонската ракометна репрезентација на 13. и на 17. април ќе игра двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Велз едвај победи во Лихтенштајн, Шпанија и Австрија 99,99 отсто се на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Велс, вложи многу труд зада повбеди во Лихтенштајн. Велс го победи аутсајдерот со 1:0. Ова значи дека за три дена, на Македонија ќе и биде потребен еден бод за да го обезбеди второто место во Ј групата.
Во терминот од 18 часот беа одиграни уште три натпреари, фаворитите победија. Шпанија ја декласира Грузија во Тбилиси со 4:0. Два гола постигна Ојерзабал, по еден Зубименди и Торес.
Актуелните шампиони имаат импресивна гол разлика 18:0, тие се 99,99 отсто на Мундијалот.
Во последното коло ќе ја пречекаат Турција, која со 2.0 ја победи Бугарија. Треба да се случи чудо за Турците да го освојат првото место во групата. За три дена им е потребна победа од седум гола, што е нереално, знаејќи дека во Истанбул Шпанците славеа со седум гола.
Минимални се шансите и Австрија да не биде прва во својата група. Австријците славеа на Кипар со двата гола на Марко Арнаутовиќ. Тие уште вечерва ќе бидат на Мундијалот доколку БиХ не ја победи Романија.
Спорт
Ларкин ќе отсуствува два месеци
Шејн Ларкин ги повреди препоните на дуелот на Ефес со Баерн Минхен, а познато е и колку долго ќе паузира искусниот кошаркар.
Тренерот Игор Кокошков нема да може да смета на долгогодишната прва ѕвезда на тимот во следните два месеци.
Повредата се случи во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес го доби во трилер завршница со 74:72.
Капитенот на Ефес, има просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции по натпревар оваа сезона.
Спорт
Синер ќе ја брани титулата на Завршниот Мастерс
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Трета година по ред Синер ќе се бори за трофејот во Торино. Интересно е да се напомене дека Синер стана најмладиот тенисер во историјата кој играл во финалето на сите четири Гренд слем турнири и во финалето на завршниот турнир во иста сезона. На овој начин, тој ги повтори подвизиве на Ѓоковиќ и Федер, станувајќи само третиот играч на кого му успеало тоа.
Во првото полуфинале, Синер го победи Алекс де Минор со 7:5, 6:2 по еден час и 52 минути игра и со тоа го забележа својот 13-ти триумф во исто толку натпревари против тенисерот од Австралија.
Де Минор на маки го стави Синер во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час.
Причината беше што не ги користеше брејк шансите. Ја искористи осмата и тоа во 11-от гем. Исто така во првиот сет, Синер, беше соочен со три брејк топки, сите успеа да ги спаси.
Синер освои четири гема на почетокот од вториот сет, правејќи двоен брејк со што го реши прашањето околу конечниот победник.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим.

