Спорт
Ракометарите против Португалија, Турција и против Луксембург во квалификациите за ЕВРО 2024

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Селекцијата на Кире Лазаров ќе игра против Португалија, Турција и против Луксембург.
На Европското првенство одат сите првопласирани и второпласирани селекции од групите и четири репрезентации од осумте групи кои ќе завршат на третата позиција.
Квалификациите почнуваат во октомври 2022, прозорец ќе има и во март, а завршуваат во април 2023 година.
Македонската ракометна репрезентација на 13. и на 17. април ќе игра двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во јануари 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мхтаријан се сели во Интер

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхтаријан по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер, дознава „Газета дело Спорт“.
Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. Неговиот договор со Рома истекува на 30 јуни.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.
Пред Рома, Мхтаријан играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, на европската сцена се афирмираше во Шахтјор.
Мхтаријан е единствениот играч кој стигна до два евротрофеи со два различни клуба под водство на Жозе Мурињо. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, додека синоќа со Рома го освои трофејот во Конференциската лига.
Спорт
Трка во Мото ГП откажана поради „геополитичка ситуација“

Меѓународната мото федерација (ФИМ) потврди дека трката за Големата награда на Финска е откажана. Трката беше откажана поради доцнење на работите на патеката и геополитичката ситуација предизвикана од руската војна во Украина, јавува агенцијата Анадолија (АА).
„Ризиците кои ги носи моменталната геополитичка ситуација во регионот, како и работата на патеката „Кими ринг“, за жал, не натераа да ја откажеме Големата награда на Финска во 2022 година. Сегашните услови доведоа до одложувања и ја загрозија работата на новата патека“, се вели во соопштението на ФИМ.
Од ФИМ истакнаа дека во календарот за оваа сезона ќе има 20 трки. Траката за Големата награда на Финска требаше да се вози на 10 јули.
Спорт
Ибрахимовиќ: Пиев апчиња, од болки шест месеци не спиев

Златан Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи по успешната операција на предните вкрстени лигаменти и откри шокантни детали за повредата и состојбата на неговото колено во текот на оваа сезона.
Според прогнозите, Швеѓанецот ќе паузира околу осум месеци, па останува да се види дали потоа ќе може да ја продолжи кариерата со оглед на тоа дека тогаш ќе наполни 42 години.
„Во изминатите шест месеци играв без лигаменти на левото колено. Имам оток шест месеци, можев да тренирам со тимот само 10 пати. примив повеќе од 20 инјекции, земав лекови против болки секој ден. Едвај можев да спијам од болки. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Нешто што е невозможно го овозможив, имав само една цел на ум, да ги направам соиграчите и тренерите шампиони на Италија, бидејќи тоа го ветиц. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан по пауза од 11 години повторно е шампион на Италија. Интересно и таа титула Милан ја освои со Ибрахимовиќ во тимот.