Спорт
Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП
Фото/ macedoniahandball.com.mk
Вечерва во Клуж беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2026 година. Континеталниот шампионат ќе се одржи во пет држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција. Покрај овие селекции место на ЕП веќе обезбедија Норвешка, Данска и Унгарија.
Македонските ракометарки се во групата 3 заедно со Германија, Словенија и Белгија.
Првенството ќе се одржи од 3. до 20.декември во 2026 година.
Во првата група ќе бидат Франција, Хрватска, Косово и Финска, додека во Втората група се Холандија, Швајцарија, Италија, Босна и Херцеговина.
Во третата група ќе играат Германија, Словенија, Македонија и Белгија, додека во Четвртата група ќе играат Црна Гора, Исланд, Португалија и Фарските Острови. Во грушата шет се Шведска, Србија, Украина и Литванија, а во шестата група ќе бидат Шпанија, Австрија, Грција и Израел.
Квалификациите за Европското првенство ќе се играат од 15 октомври годинава до 12 април 2026 година. На континенталниот шампионат ќе се пласираат двете најдобри селекции од шесте групи, како и четирите најдобри третопласирани селекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

