Спорт
Ракометна ЛШ: Веспрем и Кил на мегдан со Вардар, Спортинг ќе гостува во Битола!
Европскиот ракометен шампион, екипата на Вардар во сезоната 2019/2020 во ракометната Лига на шампиони ќе се натпреварува во групата Б.
Противници на македонскиот шампион ќе му бидат противникот на финалето во Келн, унгарски Веспрем, потоа учесникот на последниот Ф4 турнир, полски Киелце, па следуваат белоруски Мешков Брест, украински Мотор Запорожје, француски Монпелје, португалски Порто и германскиот ракометен гигант Кил.
Во групата А покрај носителот, француски ПСЖ се најдоа и шпанска Барселона, германски Фленсбург, дански Алборг, унгарски Пик Сегед, хрватски ППД Загреб, норвешки Елверум и словенечки Целје Пивоварна.
Вториот македонски претставник во ракометната Лига на шампиони, битолски Еурофарм Работник ќе игра во групата Ц, одреди предмалку со жрепката во седиштето на ЕХФ во Виена.
„Фармацевтите“ во своето ракометно деби во најквалитетното ракометно друштво ќе бидат во иста група со шведски Савехов, фински Кокс, словачки Татран Прешов, шпанска Бидасоа и со португалски Спортинг.
Во групата Д,, која исто како и Ц групата се со послаб квалитет за разлика од групите А и Б, ќе ја сочинуваат тимовите на Динамо Букурешт (Романија), Чеховски Медведи (Русија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска), Висла Плок (Полска) и ГОГ (Данска).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

