Контакт

Спорт

Ралф Шумахер: Хамилтон не е подобар од мојот брат

Објавено пред

Луис Хамилтон на Руското ГП во Сочи може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во Формула 1, а на крајот на сезоната да се израмни со седумте титули на Шуми, но Ралф Шумахер, поранешниот Ф1-возач и помлад брат на Михаел, вели дека Хамилтон никогаш нема да биде најдобриот.

„Луѓето во последно време ме прашуваат дали Луис Хамилтон е најдобриот возач на сите времиња сега кога ги соборува рекордите на мојот брат. Моето мислење е дека тој, дефинитивно, е најдобриот во својата ера. Исто како што Михаел беше во својата ера“, вели Ралф во интервју за „Скај Дојчланд“.

Сепак, Ралф додава дека брат му имал успех дури и кога немал мегапакет во болидот како Хамилтон.

„Споредбата со Михаел е тешка бидејќи во игра се многу фактори. Луис, покрај својот брилијатен талент, има и мегапакет зад него. Тоа не беше така секогаш за Михаел. Мора да се признае дека тоа што го прави Луис е фантастично и дека во моментот нема подобар од него“, додава Ралф Шумахер.

Спорт

Го запалија небото над Сплит – „Торцида“ го прослави 70. роденден

Објавено пред

Навивачката група на фудбалскиот клуб Хајдук, „Торцида“, на полноќ на спектакуларен начин прослави 70 години од своето постоење. Небото над Сплит, но и во други хрватски градови, сјајеше од факли и други пиротехнички средства.

„Торцида“ е основана на 28 октомври 1950 година од сплитски студенти во Загреб. Тие биле инспирирани од приказните на Бајдо Вукас и другите играч на Хајдук, кои раскажувале за атмосферата на СП во Бразил и начинот на навивање на бразилската „Торцида“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зидан: Покажавме карактер! Ќе ја поминеме групата

Објавено пред

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е задоволен од реакцијата на свпоите играчи, кои во Менхенгладбах успеаја да освојат бод против Борусија иако до 87. минута губеа со 2:0.

„Покажавме карактер! Се гордеам со играчите“, рекол Зидан и дополнил:

„Игравме добро, дури и во моментите кога губевме, верувавме дека можеме да се вратиме. Резултатот не ги задоволува нашите амбиции, ние секогаш одиме на победа, но задоволен сум од играта“.

Реал во првите две кола во Б-групата има освоено само еден бод и се наоѓаат на последното место на табелата.

„Ќе поминеме во наредната фаза. Иако сега не победивме, игравме добро. Ако продолжиме вака, ќе направиме големи работи. Видов добра претстава на мојот тим“, заклучил Зидан.

Реал во наредните две кола ќе игра со Интер, најпрвин во Мадрид, а потоа во Милано.

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛШ: Касемиро го спаси Реал од нов пораз, гол-шоу на Аталанта и Ајакс

Објавено пред

Маркус Турам, синот на француската фудбалска легенда Лилијан, постигна два гола за Борусија Менхенгладбах, но тоа не беше доволно да се извлече победа над Реал Мадрид, откако Касемиро со асистенција и гол во последните три минути извлече 2:2 реми.

За Зидан ова е уште еден незгоден резултат,  по поразот во првото коло од Лигата на шампионите дома од (2:3), и притисокот се зголемува на тренерот и покрај тоа што го доби „Ел класико“ на „Ноу Камп“.

Турам стрелаше во 33. и 58. минута за „ждребињата“ да стигнат до 2:0 водство, кое до крајот на мечот, „кралевите“ прво успеаја да го намалат преку Карим Бензема во 87. минута, пред Касемиро во 93-тата минута да спаси голем поен за „кралевите“.

Супер-интересно беше на првиот меч од ЛШ во Бергамо, каде што Аталанта губеше со 0:2 од Ајакс откако прими два гола за осум минути во првото полувреме, но Дуван Запата со два гола врати за 2:2 реми. Во истата група, Ливерпул со 2:0 го совлада данскиот аутсајдер Митјиланд со головите на Диого Жота и Мохамед Салах (од пенал) , но најголемата грижа беше повредата за Фабињо, уште една главоболка за Јирген Клоп.

Жоао Феликс со два гола ги „спаси“ Атлетико Мадрид, носејќи им возбудлива 3:2 победа на „Ванда метрополитано“ над Ред бул Салцбург, додека Манчестер сити без мака со 3:0 го совлада Марсеј на „Велодром“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Баерн Минхен 1:2

Атлетико Мадрид – Салцбург 3:2

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Интер 0:0

Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 2:2

ГРУПА Ц

Марсеј – Манчестер сити 0:3

Порто – Олимпијакос 2:0

ГРУПА Д

Аталанта – Ајакс 2:2

Ливерпул – Митјиланд 2:0

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – РЕАЛ МАДРИД

АТАЛАНТА – АЈАКС

ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД

МАРСЕЈ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

АТЛЕТИКО МАДРИД – САЛЦБУРГ

ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија2 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет2 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет2 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет2 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа2 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет13 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија14 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа15 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија16 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија17 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија18 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт20 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет20 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет21 час

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија21 час

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука23 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија24 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија1 ден

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Досие