Спорт
Рамос доби дополнителен меч казна за намерниот жолт

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос доби дополнителна казна од еден меч во Лигата на шампионите од УЕФА поради намерното добивање на жолт картон во првиот осминафилен меч против Ајакс во Амстердам.
Рамос доби жолт картон во финишот на 2:1 победата над Ајакс, и сега ќе го пропушти реваншот и дополнитело првиот меч од четврт-финалето ако Реал го помине холандскиот клуб. На Шпанецот му се „испушти“ во интервјуто по мечот дека намерно добил жолт картон за да не ризикува суспензија во четврт-финалето, иако подоцна ги повлече коментарите.
„УЕФА реши да го суспендира Серхио Рамос на два меча од натпреварувањата на УЕФА поради очигледното намерно добивање на жолт картон“, се вели во соопштението на УЕФА.
Фото: ЕПА
УЕФА не простува, Рамос на дисциплинска за намерниот жолт картон
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Таварез со звукот на сирената му пресуди на Партизан

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Партизан во Белград со 91:89 во 34. коло од Евролигата. Партизан ја заврши сезоната во Евролигата, а Реал со 20 победи и 14 порази е на петтото место.
Паризан во последниот меч сезонава во Евролигата пред своите навивачи ја имаше, но неколку грешки во финишот скапо го чинеа.
Најпрво Кампацо израмни за Реал, а потоа Љуљ погоди за водство на Реал (87:89), а на две секунди до крајот изедначи Карлик Џонс.
Се чинеше дека натпреварот оди во продолжение, но Чус Матео нацрта добра акција. Од аут Камапцо му додаде на Таварез, кој успеа да погоди.
Walter Tavares for the Win!
Real Madrid wins against Partizan Belgrade in a huge comeback from -10 in Last Quarter. pic.twitter.com/EzPYpcF9H3
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) April 10, 2025
Спорт
(Видео) Јунајтед скапо ги плати грешките на Онана, Тотенхем избори реми против Ајнтрахт, Атлетик не успеа да победи во Глазгов

Трите натпревари во Лига Европа, одиграни во терминот од 21 часот, завршија без победник. Лион и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2, немаше голови на натпреварот Ренџерс-Атлетик Билбао, а 1:1 заврши дуелот меѓу Тотенхем и Ајнтрахт.
Лион и Јунајтед пропуштија неколку добри шанси и можат да жалт што не победија и покрај тоа што домаќинот во последните моменти избегна пораз.
Холанѓанецот Џошуа Зиркзе беше златната резервна на Рубен Аморим и им донесе пресврт на „црвените ѓаволи“ со голот во 88.минута, но Рајан Шерки успеа да израмни буквално во последните секунди од мечот по уште една од серијата грешки на Андреа Онана.
Камерунецот лошо интервенираше и во 26.минута кога Алмада центрираше, а тој лошо го процени летото на топката, потоа и лошо реагираше, а топката заврши зад неговиот грб.
Изедначи Јунајтед со голот на Лени Јоро, негов прв во дресот на „црвените ѓаволи“, во петтата минута од надополнувањето на времетов о првиот дел.
Немаше победник и голови во Глазгов на дуелот меѓу Ренџерс и Атлетик Билбао.
Тешко е да се каже кој е позадоволен. Гостите сигурно жалат бидејќи шкотскиот тим имаше играч помалку во поголемиот дел од натпреварот, поради црвениот картон што го доби Робин Пропер во 13. минута.
Баскијците имаа шанса за победа, но голманот Лиам Кели го одбрани пеналот на Алекс Беренгер во 82. минута.
Интереен ќе биде и реваншот во Франкфурт, кога Ајнтрахт ќе го пречека Тотенхем, откако вечерва одиграа 1:1.
Германскиот тим до предност дојде со голот на Уго Екитике, по грешката на Џејмс Медисон на средината на теренот, но англискиот фудбалер 20 минути подоцна се извади со асистенција за Педро Пора за израмнување. Всушност, тоа беше мајсторија на Шпанецот, кој со петица го совлада голманот на Ајнтрахт.
Спорт
(Видео) Легија издржа едно полувреме, па дожеивеа потоп против Челзи

Фудбалерите на Челзи ја совладаа Легија во Варшава со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето и практично веќе се во полуфиналето, во Конференциската лига.
„Сините“ заминаа во полската престолнина со комбиниран тим, но и тој беше пресилен за Легија, која усеа да издржи само едно полувреме.
Тренеот на Челси, Енцо Мреска комбинираше и им даде шанса на некои млади играчи, а тие му возвратија со деветтата победа од исто толку натпревари во Конференциската лига сезонава.
Првото полувреме беше лошо, без шанси на двете страни.
Мареска, која на полувремето го извади Кол Палмер и го внесе Нони Мадуеке, стрелецот на вториот и третиот гол на овој меч.
Првиот беше дело на Тајрик Џорџ, кој до дебито во дресот на тимот од Лондон стигна по гол во 49. минута. Мадуеке набрзо ја удвои предноста. Челзи потоа преку Дузбери-Хол избори пенал, одговорноста ја презеде Нкунку, но неговиот удар голманот на Легија го одбрани.
Само неколку секунди подоцна кога Мадуеке го постави конечниот резултат.