Спорт
Рамос има нов клуб?

Легендарниот шпански репрезентативец Серхио Рамос (38) ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал Оробах, пренесува белгискиот новинар Саша Таволиери.
Договорот на Рамос со Севилја истече летово, клубот не му понуди нов, а тој нема намера да се пензионира, туку реши да заработи уште некое милионче во Саудиска Арабија.
За разлика од Таволиери, неговиот колега Фабрицио Романо известува дека се уште ништо не е сигурно бидејќи Рамос има некои други понуди.
Рамос е поранешен капитен на Реал Мадрид, а настапуваше и за ПСЖ. Тој е двократен европски првак со Шпанија, со која беше и светски првак. Најдобрите години во кариерата ги мина во Реал, со кого освои четири Лига на шампиони и пет шампионски титули во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два европски гиганта: спектаклот помеѓу Партизан и Панатинаикос потврден

Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено.
Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“.
Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се одржи од 18 до 22 септември оваа година во Мелбурн и Сиднеј.
„Два европски гиганти. Два австралиски предизвикувачи“, објави ПАО во соопштението за настанот.
„Ова е неверојатен момент за НБЛ (Австралиската кошаркарска лига) и кошаркарските фанови во Австралија. Да се натпреваруваат два од најголемите европски тима на турнир од ваков калибар, заедно со два од најголемите австралиски клуба, е одраз на репутацијата што НБЛ ја стекнува на глобално ниво, но исто така го нагласува растечкиот интерес што Австралијците го имаат за играта“, рече Никола Миливојевиќ, директор на НБЛ.
Партизан и Панатинаикос прво треба да одиграат пријателски натпревар на 18 септември на арената „Џон Кејн“ во Мелбурн, а потоа да учествуваат на турнирот со „Кингс“ и „36ерс“ на арената „Кудос Банк“ во Сиднеј на 21 и 22.
Спорт
Кошаркар на Монако загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од натпревар
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај.
Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција.
Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои моментално се на лекување (тренерот, тројца играчи и возачот).
Како одговор на оваа трагедија, на натпреварот помеѓу првиот тим на Монако и Бурж ќе се одржи минута молчење.
„Во овие трагични околности, претседателот на клубот и другите членови изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот, а исто така се со сите повредени“, се вели во соопштението на Монако.
Спорт
Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.
Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.
На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.