Спорт
Рамос: Нејмар ме убеди да дојдам во ПСЖ
Нејмар, најскапиот светски фудбалер, ја одиграл клучната улога во трансферот на Серхио Рамос. Шпанецот, по 16 години го напушти Реал и договори двегодишна соработка со ПСЖ.
Серхио Рамос и Нејмар, во минатото, водеа жестоки битки на теренот, кога едниот беше во Реал, а другиот во Барселона.
Но тоа било само на теренот, за Лекип, Рамос открил дека тие биле големи пријатели.
„Разговарав со Нејмар. Иако тој играше за Барса, а јас за Реал, ние и тогаш бевме добри пријатели. Тој ме убеди да се преселам во ПСЖ“, рекол Рамос.
Искусниот фудбалер, нагласил дека сака Килијан Мабпе и наредната сезона да остане во клубот. Иднината на младиот напаѓач во ПСЖ е крајно неизвесна.
„Тој е одличен фудбалер, тој прави разлика на теренот, светла иднина е пред него. Овде има тим кој сака да му помогне. Го сака крај себе“, заклучил Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед утрово донесе (не)очекувана одлука да го отпушти менаџерот Рубен Аморим.
Лошите резултати во последните два натпревари (против Вулверхемптон и Лидс) и нарушените односи со директорот за фудбал во клубот, Џејсон Вилкокс, се само дел од причините за отказот.
Главната се чини дека е вчерашната прес конференција, по ремито во Лидс, кога менаџерот даде изјава и демонстратвно ја напушти прес салата.
„Не се викам ни Томас Тухел, ни Антонио Конте, ни Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим.
🚨💣 BREAKING: Rúben Amorim has just been SACKED by Manchester United.
Decision made this morning. pic.twitter.com/Xmz3x8mkO6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 5, 2026
„Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим од функцијата главен тренер. 40-годишниот Португалец е информиран за одлуката и заминува веднаш по 14 месеци, поради затегнати односи. Се очекува Дарен Флечер привремено да биде предвоник на првиот тим“, напиша новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орштајн.
Португалскиот стручњак го презеде Јунајтед на 11 ноември 2023 година, откако дојде од Спортинг Лисабон. Аморим го водеше Јунајтед во 63 натпревари, оствари 25 победи, 15 нерешени и 23 порази.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Тренерката на Мадуро е идентична со опремата на клуб од Ла Лига – Експресно е распродадена
Тренерката „Најки“ што ја носеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро во моментот кога беше уапсен од американските војници привлече огромно внимание на јавноста, откако корисниците на социјалните мрежи забележаа дека изгледа речиси идентично со спортската облека на фудбалскиот клуб Мајорка.
Мадуро се појави во јавноста во сива тренерка со црни детали, што веднаш ги потсети навивачите на дресот на Мајорка.
Разликата е во тоа што верзијата на Мајорка го има грбот на клубот извезен на градите, додека остатокот од дизајнот е практично идентичен со оној што го носеше венецуелскиот претседател.
Станува збор за тренерка „Најки“ направена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава за 99,99 евра, додека долниот чини 55,99 евра, што значи дека комплетот чини 155,98 евра.
Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката се распродаде на официјалната веб-страница на „Најки“ за само неколку часа. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за необичната врска помеѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.
Foto: X
Спорт
Џеко би можел да заврши во Јувентус
Јувентус се соочува со сериозна криза во нападот, а италијанските медиуми нашироко дискутираат за можни решенија. Неиграњето на Душан Влаховиќ, кој ќе отсуствува од теренот до март, целосно ги разоткри напаѓачките ограничувања на тимот на Лучијано Спалети, бидејќи ниту Дејвд, ниту Опенда не се покажаа како соодветни замени.
Спортскиот директор Отолини затоа итно бара засилувања во јануарскиот преоден рок, а заедно со претходно споменатите имиња како Матео Пелегрино од Парма и Лоренцо Лука од Наполи, се појави и сосема неочекувана опција, Един Џеко, пишува „Тутоспорт“.
Иако наскоро ќе наполни 40 години, напаѓачот на Босна и Херцеговина, кој е на излезна врата од Фиорентина, се споменува како класично решение во последен момент за следните шест месеци.
Тоа би била поволна опција што би му донела на Јувентус потребното искуство и физичко присуство во шеснаесетникот, а која тренерот Спалети наводно најмногу би ја поддржал.
Имено, реализацијата на трансферот би била фаворизирана од длабоката врска и меѓусебното почитување помеѓу Џеко и тренерот Спалети, кој веќе успешно го водеше во минатото.
Сепак, весникот од Торино ја дефинира оваа можност како „екстремна опција“, диктирана повеќе од потребата за докажан играч отколку од долгорочно планирање. Според нив, таа би можела да стане конкретна само ако не се остварат други, примарни опции за Јувентус.
Foto/ freerangestock

