Спорт
Рамос: Се тргна наопаку кога го напуштив Реал

Серхио Рамос, во пресрет на првиот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен даде интервју за официјалната веб-страница на УЕФА. Откри дека се во кариерата му тргнало наопаку по трансферот во ПСЖ.
„Заминувањето од Реал беше голема промена. Мојата цел секогаш беше да победувам. Во Реал освоив многу и мислев дека одењето во ПСЖ е добра можност да ја сменам средината. На почетокот сè беше тешко. Треба да најдеш дом, да се вдомиш со четири деца. .. Почетокот беше тежок, но испадна добро“, вели 36.годишниот дефанзивец кој го замени Реал за ПСЖ во 2021 година.
„По трансферот се тргна наопаку. Се повредив, тешко ми беше да се опоравам, да се адаптирам на новиот систем, соиграчите, тренерот… Почнав да се сомневам дали ја го направив вистинскиот избор. Сепак, низ кариерата секогаш сум се борел и сум работел напорно“.
Рамос со Реал освои четири ЛШ.
„Ќе видиме дали ќе можам да го направам тоа со ПСЖ. Ние сме одличен тим, но во фудбалот не победуваат секогаш најдобрите. ПСЖ е гладен да ја освои Лигата на шампионите и јас ќе дадам се од себе повотрно да го освојам ова натпреварување.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.