Спорт
Раниери има еден услов за да стане селектор на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација е без тренер од вчера. Лучано Спалети доби отказ по дебаклот во Осло и поразот од Норвешка (3:0).
Прв избор на Италијанецот е Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската позиција во Рома и му ја препушти на Џанпјеро Гасперини, но идејата на семејството Фридкин и него самиот е тој да остане во Рим и да учествува во понатамошното функционирање на спортскиот сектор. Односно, планот е тој да биде менаџер кој ќе работи во соработка со Гасперини.
Затоа, Раниери е на пресвртница и како што објави Џанлука ди Марцио, единствениот начин за него е семејството Фридкин да даде „зелено светло“ за неговата двојна функција.
Раниери претходно ѝ вети на Рома и сака да си го исполни ветувањето, но поканата од репрезентацијата е нешто што не може да се одбие, па затоа го моли Фридкин за разбирање.
Средбата во Рим ќе се одржи денес и ситуацијата наскоро ќе биде решена. Доколку Раниери не ја преземе репрезентацијата, „аѕурите“ ќе се свртат кон Стефано Пиоли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тренерот на Ренџерс од бесните навивачи го чуваа полицајци на коњи

Расел Мартин (39), повеќе не е тренер на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, чии дрес од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.
Во седмото коло, „Полицајците“ одиграа 1:1 против слабиот Фалкирк. Ренџерс останаа на само една победа во сезоната. По седум рунди имаат 11 бода помалку од лидерот Хартс, додека нивниот најголем ривал Селтик е девет бода пред нив.
На Ренџерс лошо му оди и во европските купови. Откако доживеа елиминација од Бриж во плеј-офо за Лигата на шампионите, тимот на Расел Мартин доживеа порази во првите две кола во Лига Европа, против Генк и Штурм.
Инаку, по завршувањето на натпреварот со Фалкирк, бесни навивачи го чекаа Мартин на паркингот до неговиот автомобил.
Затоа тренерот на Ренџерс побара и доби полициска заштита. Полицајци во цивил го испратија до неговиот автомобил, а кога го напушташе кругот на стадионот опкружен со навивачи, беше обезбедуван од полицајци на коњи.
Мартин доби отказ по само 123 дена, што го прави менаџер со најкраток стаж во 153-годишната историја на Ренџерс.
Screenshot: Twitter
Russell Martin required a police escort from Falkirk’s stadium as Rangers fans gathered around his car ⬇️ pic.twitter.com/UQP28uMnFw
— Sky Sports Scotland (@ScotlandSky) October 5, 2025
Спорт
(Видео) Познато е зошто Синер му го предаде мечот на Грикспор

Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше принуден да го предаде натпреварот од третот коло, во Мастерсот во Шангај на Талон Гриксспор.
Синер се предаде во третиот сет при резултат 3:2 за Холанѓанецот. Италијанскиот тенисер буквално не можеше да стои на десната нога и со помош на медицинското лице го напушти теренот.
The video of the physio helping Jannik Sinner walk to his chair before retiring from the match in Shanghai.
Really tough scenes to watch.
Come back stronger. ❤️🩹
pic.twitter.com/JqrLYNDQ5M— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 5, 2025
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор за повреда на коленото или мускулот на десната нога, вистинската причина за предавањето е грч.
Условите во Шангај се доста тешки, влажноста е помеѓу 85 и 90 проценти, па играчите многу лесно дехидрираат.
Синер сега ќе има еднонеделна пауза, а од 15 до 18 октомври ќе настапи на егзибицијата во Ријад.
Спорт
Арсенал не знае колкава пауза го чека Одегард

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0.
Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
„Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели во соопштението на клубот.
„Мартин ќе продолжи со лекувањето и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што поскоро да се врати на теренот.“
Оваа повреда дополнително ја искомплицира ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.
Каи Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапие се исто така на списокот на повредени.
Одегард мораше да го напушти натпреварот во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем по судирот со Крисенсио Самервил.
Со ова Норвежанецот постави неславен рекорд. Стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој започнал три натпревари по ред, но бил заменет пред полувремето.
Претходно тоа му се случи против Лидс и Нотингем Форест.