Спорт
Раниери ќе ја преземе Рома
Клаудио Раниери е подготвен да ја прекине пензијата за да и помогне на Рома која минува низ тежок период.
Раководството на Рома реши да го врати искусниот стручњак, за да ја преземе клупата на тимот, која остана празна по отказот кој му беше врачен на Иван Јуриќ.
Легендарниот Италијанец двапати ја водеше Рома во текот на својата кариера, од септември 2009 до февруари 2011 година, а потоа и на крајот од сезоната 2018/19, од март до крајот на јуни.
Раниери се пензионираше во Каљари по завршувањето на минатата сезона, откако со тимот успеа да избори опстанок во Серија А.
Искусниот стручњак, творецот на „чудото од Лестер“, претходно во својата кариера изјави дека никогаш не би можел да ја одбие Рома и дека и е потребен секога е на располагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раниери се врати во Рома
Клаудио Раниери по трет пат во кариерата ќе ја предводи Рома.
Искусниот 73-годишен стручњак практично излегува од пензија и се врача да го „гаси“ пожарот во Рома, бидејќи тимот лошо ја започна сезоната и се наоѓа на 13. место на табелата во Серија А.
Раниери имаше напорен ден во средата, прво пристигна во Лондон на разговори со сопственикот Ден Фридкин, а потоа вечерта замина за Рим, каде на аеродромот го пречека поголема група новинари и навивачи на Рома.
Раниери рече дека ја прифатил понудата откако сопствениците му кажале дека го чека „тешка работа“.
Раниери прифатл да го води тимот до крајот на оваа сезона, по што се очекува од следната сезона да се пресели во бордот на директори на клубот.
Раниери е познат како голем навивач на Рома.
Тој претходно го водеше тимот од септември 2009 година до февруари 2011 година, пред да се врати во март 2019 година како в.д. менаџер до крајот на сезоната.
Сега повторно ја има истата задача во годината кога за само 12 месеци ќе стане четврти тренер на тимот.
Пред него во 2024 година, Рома беше предводена од Жозе Мурињо, Даниеле де Роси и Иван Јуриќ.
Спорт
(Видео) Јанис 59, Вембањама 50, Ентони-Таунс 46, Пул 42
Луда ноќ во НБА лигата ја обележаа Јанис Адетокумбо, Виктор Вембањама, Карл-Ентони Таунс, Џордан Пул.
Јанис Адетокунбо им приреди незаборавна ноќ на Детроит Пистонс, учествуваше во победата на Бакс по продолженија од 127:120 со 59 поени, 14 скока и седум асистенции, шутирајќи 21/34 од поле и 16/17 од белата линија. Јанис пет поени го делаа од личниот рекорд, минтата сезона против Индијана постигна 64 поени.
Монструозно издание имаше Виктор Вембањама во победата на Сан Антонио Спарс над Вашингтон Визардс со 139:130, придонесе со 50 поени, погодувајќи 8/16 за три, шест скока и три блокади. На спротивната страна блескаше Џордан Пул со 42 поени, односно поен помалку од личниот рекорд кој го постави додека играше во Голден стејт Вориорс.
Карл-Ентони Таунс имаше 46 поени, 10 скока и три украдени топки во „Медисон Сквер Гарден“, но Њујорк Никс беа поразени по луда завршница од Чикаго Булс по непотребниот фаул на Џош Харт врз Колби Вајт на три секунди до крајот крајот.
Леброн Џејмс во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Мемфис Гризлис го оствари третиот последователен трипл-дабл, а 40-ти во кариерата со повеќе од 30 постигнати поени.
Спорт
Грег Поповиќ имаше благ мозочен удар
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.
Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.
Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.
Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.
Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.
Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.