Спорт
Расел: Потребно е малку време да го најдеме вистинското темпо

Џорџ Расел верува дека Мерцедес ќе најде решение за проблемите со кои се мачи на почетокот на сезоната. Британецот дополнил дека сепак ќе биде потребно малку време тимот повторно да биде конкурентен.
Возачите на Мерцедес, првата трка во сезоната ја завршија на третото (Хамилтон) и четвртото место (Расел).
„Добро ја започнавме сезоната, но свесни сме дека имаме проблеми“, рекол Расел.
„Во Бахреин имавме тежок викенд, на крајот сепак забележавме добри резултати. Знаеме дека пред нас има многу работа. Не знам дали наскоро ќе ги решиме проблемите, дали наскоро ќе ја пронајдеме вистинската „сребрена стрела“. Ќе треба неколку трки да поминат за да го најдеме вистинското темпо“.
Втората трка во сезоната ќе се вози на 25.март во Џеда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Муарем Бајрами уште две години на клупата на Македонија ЃП

Тренерот на македонскиот прволигаш Македонија ЃП, Муарем Бајрами, ја продолжи соработката и за следните две години. После освоениот пехар во Купот, раководството на Македонија ЃП одлучи да му даде нов двегодишен договор на Бајрами.
Тој во октомври минатата сезона ја презеде екипата од Александар Таневски, а претходно равотеше како негов асистент.
Македонија ЃП во првенството се пласираше на четвртата позиција.
Спорт
Младата селекција до 21 година на собир: Дуели против Ерменија и против Украина

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Садио Мане е на пресвртница во кариерата, бидејќи Баерн Минхен цврсто реши да го доведе, а од друга страна, Ливерпул не сака да ја надмине границата околу финансиските приходи на Сенегалецот.
Германските медиуми најавуваат дека преселбата во Баерн би била логичен чекор за 30-годишниот африкански фудбалер кој летото 2016 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул.
Мане одигра извонредно во сезоната 2015/2016, втора во дресот на „светците“, а амбициозниот Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе, но крилниот напаѓач сепак се реши за Ливерпул.
„Бев многу блиску до Јунајтед. Договорот веќе го имав подготвен и условите постигнати. Се беше подготвено, но наместо тоа, пресеков и решив да се преселам во Ливерпул. Бев убеден во проектот на Клоп“, изјави Мане во интервју за британски „Телеграф“.