Спорт
Расел пред Ферстапен на пол-позицијата во Канада
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, 10-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На патеката „Жил Вилнев“, Британецот го забележа својот прв триумф во квалификациите оваа сезона, со круг од 1:10.899 минути, со десетинка и половина предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. Третото време го оставри лидерот во генералниот пласман на Оскар Пјастри, кој беше 61 илјадити дел од секундата зад бранителот на титулата. Одличните квалификации на Мерцедес ги надополни тинејџерот Андреа Кими Антонели кој го забележа четвртото најбрзо време.
Покрај големата битка за пол-позицијата, квалификациите во Монтреал беа обележани и со лошиот пласман на еден од главните претенденти за титулата покрај Пјастри и Ферстапен, Ландо Норис во вториот Мекларен.
Британецот и на тренизите се мачеше, правеше премногу грешки, истото му се случи и во третата квалификациска сесија и заврши седми, повеќе од седум десетинки од секундата зад Расел. По првите четворица следеа седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во Ферари и Фернандо Алонсо во Астон Мартин.
На крајот, осми беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој покажа одлична брзина во одредени моменти, но направи грешка во последниот брзи круг, што го чинеше и место во првиот ред.
Топ 10 го комплетираа Исак Хаџар од Рејсинг Булс, кој го забави Карлос Саинц Јуниор во првиот дел од квалификациите и сигурно ќе добие казна, и Алекс Албон во болидот на Вилијамс.
Трката за Големата награда на Канада се вози внедела од 20 часот по средноевропско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

