Спорт
Рашфорд го елиминираше Челси сред „Стемфорд бриџ“ (видео)

Манчестер јунајтед ја забележа третата последователна победа на гости (против Партизан во Лига Европа и против Норич во Премиер лигата), триумфирајќи со 2:1 на „Стемфорд бриџ“ за да ги елиминира „сините“ во осминафиналето на Англискиот лига куп.
Тимот на Оле Гунар Солскјер дојде во водство со гол од пенал во 25. минута од мечот, кога Маркус Рашфорд и покрај тоа што утна пенал во претходниот меч, имаше храброст да го совлада Кабалјеро.
„Сините“ ја презедоа иницијативата во второто полувреме и израмнија преку Мичи Батшуаи во 61. минута, пред Рашфорд во 73. минута да обезбеди победа за „ѓаволите“ со прекрасен гол од слободен удар!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид од следната сезона во Серија А?

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид наводно е најблиску до преселба во Италија.
Како што откри „Скај Спорт“, Дејвид моментално преговара само со Интер и Јувентус, кои покажале најголем интерес за неговиот потпис.
Канаѓанецот своевремено откри дека негов сон бил да игра за Барселона, но Каталонците сепак се откажаа од него.
Дејвид има договор со Лил до 30. јуни, а во неколку наврати повтори дека нема да потпише нов, бидејќи смета дека е вистинско време за чекор напред во неговата кариера.
Интер во моментов има предност во трката за неговиот потпис, иако конкуренцијата на „Меаците“ е многу посилна, бидејќи тука се Лаутаро Мартинез, Маркус Турам, Мехди Тареми и Марко Арнаутовиќ, чиј договор исто така истекува на 30 јуни. Реално е поктај Арнаутовиќ Интер да го напушти и Маркус Турам.
Спорт
Сити подготвува понуда за Педри

Педри (22) го потврди статусот на најдобар играч за врска во светот оваа сезона и ја предводи Барселона во борбата за трофеи на сите фронтови. Поради ова, неговите настапи не останаа незабележани и Пеп Гвардиола сака да го доведе во Манчестер сити. Гвардиола смета дека Педри би бил идеален наследник на Кевин Де Брујне, кој треба да го напушти клубот.
Според „Марка“, Манчестер сити подготвува понуда од 100 милиони евра за Педри, кого го гледаат како долгорочна замена за Кевин Де Брујне. Договорот на Белгиецот истекува на крајот од сезоната, а засега нема индиции дека ќе го продолжи.
И покрај гласините, од Барселона велат дека Педри не е на продажба. Клубот е свесен дека на нивниот играч од средниот ред му се восхитуваат ширум Европа, но сигурни се дека неговата иднина е во Барселона.
Педри е клучен играч за тимот на Ханси Флик, сезонава настапи на 44 од 45 натпревари, а само поради болест го пропушти натпреварот против Валенсија.
Спорт
(Видео) Скандал во Тетово – Навивачите на Шкендија пееја песна за УЧК додека им се одаваше почит на жртвите во Кочани

Навивачите на Шкендија предизвикаа голем скандал пред поечтокот на натпреварот со АП Брера.
Додека траеше минутата молк, во чест на 59. загинати во пожарот во Кочани, тие навиваа и пееја песна посветена на УЧК.
Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија. Мкасималната казна е 12 натпревари без публика и парична казна од 5.000 евра.
Инаку, Шкендија ја победи АП Брера со 2.1 и ја задржа предноста од четири бода во однос на Силекс и пет во однос на Работнички.
Видео/ ffm.mk