Спорт
Расистички инцидент во американската МЛС
Белгискиот напаѓач на Њујорк ред булс, Данте Ванзир се извини за расистичката навреда упатена кон ривалот од Сан Хозе ертквејс, Џереми Ебобисе во ситуација која предизвикува огромно внимание во САД.
Мечот беше прекинат во 54. минута од мечот, кога Ебобисе се пожали на судијата дека бил расно навредуван. По пауза од 20 минути, мечот беше продолжен и комплетиран со 1:1, а Ванзир остана во игра.
„Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Иако немав намера да предизвикам навреда со мојот јазик, го направив тоа и навистина ми е жал. Ќе се согласам со било каква казна која ќе биде доделена од МЛС и од мојот клуб. Ќе ја искористам оваа прилика да станам подобар и да работам со организации за борба против расизмот“, се вели во објавата на Ванзир.
New York Red Bulls forward Dante Vanzeir said he would accept any punishment handed down by MLS for his racist remark in Saturday’s game against the San Jose Earthquakeshttps://t.co/q9O1QmyM3F
— SI Soccer (@si_soccer) April 11, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Зерби заминува од Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто де Зерби (44) ќе го напушти Брајтон на крајот од актуелната сезона, потврдија од клубот.
Де Зерби ќе се прости од навивачите на неделниот натпревар помеѓу Брајтон и Манчестер јунајтед.
Италијанецот го предводеше Брајтон од средината на септември 2022 година.
Ќе биде интересно да се види каде Де Зерби ќе ја продолжи кариерата. Медумите тврдат дека заминува бидејќи има понуда од некој поголем, посилен и поамбициозен клуб.
Спорт
(Видео) Баер без пораз ја заврши сезоната, дебакл на Баерн Минхен, Унион Берлин се спаси од испаѓање
Заврши сезоната 2023/2024 во Бундес лигата. Последното 34. коло го даде конечниот одговор на сите непознати. Најдраматично беше во борбата за опстанок, покрај Дармштад од лигата испадна Келн, а Бохум ќе игра бараж за опстанок против Фортуна Диселдорф. Унион Берлин на волшебен начин се спаси, победи против Фрајбург со 2:1 и покрај тоа што голманот на Франјбург одбрани два пенали. На табелата зад Баер Леверкузен заврши Штутгарт, а Баерн Минхен лошата сезона ја заврши со пораз кај Хофенхајм.
Унион Берлин сезонава играше во Лигата на шампионите, а во Бундес лигата едвај се спаси од испаѓање. Со победата над Фрајбург од 2:1, Унион го избегна баражот за опстанок. Фрајбург со овој пораз остана без место во европските купови и тажно се прости од тренерот Кристијан Штрајх (тој беше тренер на првиот тим од 2011 година).
Унион промаши два пенали но по вториот (го изведе Фоланд во 90+3. минута), Јаник Хаберер налета на топката трча и го постигна голот за опстанок.
Новиот шампион Баер Леверкузен ја заврши сезоната во голем стил, без ниту еден пораз. „Фармацевтите“ го пречекааа Аугсбург и победија со 2:1. Тоа беше 28-та победа во една незаборавна сезона, со шест ремија за тимот на Чаби Алонсо.
Финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, убедливо го совлада одамна отпишаниот Дармштад, а капитенот Марко Ројс го постигна прошталниот гол на „Вестфален“.
.
И Штутгарт одигра сезона за паметење. „Швабите“ убедливо славеа над Борусија Менхенгладбах (4:0). Два гола постигна фантастичниот Гираси.
Баерн и во последното коло ги разочата своите навивачи и покрај тоа што кај Хофенхајм по само шест минути водеше со 0:2.
Баерн во второто полувреме со хет-трик го нокаутира хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ. Два од трите гола Крамариќ постигна по лошите рекции на Мануел Ноер.
Спорт
Ферстапен изедначи рекорд на Сена – Холанѓанецот на пол-позицијата во Имола
Макс Ферстапен го задржа максималниот учинок во квалификациите оваа сезона. Актуелниот шампион во Имола ја освои седмата пол-позиција оваа сезона.
Ферстапен до пол-позицијата дојде откако Ред Бул се соочуваше со многу проблеми на тренинзите, во квалификации покажа зошто е трикратен светски првак. Холанѓанецот, сметајќи ја и последната трка од минатата сезона е во серија од осум победи во квалификациите, со што го изедначи рекордот на легендарниот Аиртон Сена.
Шампионот, во квалификациите за 74, односно 91 илјадити делови од секундата беше побрз од возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Домашната публика е разочарана од резулатот на Ферари. Шарл Леклер заврши на четвртото, а Карлос Саниц на петтото место. Шпанецот за една илијадитинка беше побрз од Џорџ Разел (Мерцедес).
Следуваат Јуки Цунода (РБ), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (РБ) и Нико Хулкенберг (Хас).
Во квалифкациите разочараа Фернандо Алонсо кој ќе стартува од 19.место и Серхио Перез кој трката ќе ја започне од 11. место.
Трката за Големата награда на Емилија Ромања, в недела ќе започне во 15 часот.