Спорт
Распаѓање во Реал, Рамос викал по Перез: Исплати ме и си одам!

Се чини дека во Реал Мадрид владее тотален хаос по вторничната елиминација од Ајакс во ЛШ.
Медиумите во Шпанија јавуваат дека по мечот со Ајакс, во соблекувалната дошол претседателот на клубот, Флорентино Перез, и ги критикувал играчите дека им недостигаат верност, волја и желба, а неколкупати го споменал и зборот „срамно“.
Според информациите, тогаш пристигнал и капитенот Серхио Рамос, кој го пропушти мечот со Ајакс поради парни жолти картони и застанал во одбрана на соиграчите. Дефанзивецот гласно му викал на Перез дека тој е виновен за катастрофалната сезона поради неговите очајни планирања и посредувања.
„Исплати ме и си одам!“, рекол Серхио на претседателот на Реал Мадрид по што пред целата екипа му рекол: „Сè сум дал за овој клуб и овој грб, па дури и за тебе“.
Веднаш потоа Перез, наводно, се состанал со управата на клубот разгледувајќи го отказот за Солари како излез од кризата, а се размислувало и да го вратат Мурињо на кормилото на „кралевите“.
Шпански „Ас“ пишува дека интерес за Серхио Рамос покажал Манчестер јунајтед. Договорот на 32-годишниот Шпанец истекува в година, но не е исклучена можноста по 14 години поминати во истиот дрес, Рамос да ја промени средината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шефот на Мекларен: Ферстапен е во право

Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот.
Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите.
Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека „папаја тимот“ има голема предност во кривините.
„Тоа е едноставно лесен одговор кога ќе ги погледнете податоците. Само споредете ги брзините на кривините (ниски и средни брзини) и ќе видите колку е брз Мекларен. Значи, Макс Ферстапен е во право“, рече Андреа Стела.
И покрај нивната доминантна позиција, шефот на Мекларен вели дека до успехот нема да дојдат по пократок пат.
„Сè уште имаме слаби точки. Да ги погледнеме кривините каде што влегувате со голема брзина, како Копс во Силверстоун или Пуон во Спа. Не сме најбрзи. Сепак, ги знаеме кривините каде што се освојуваат титули и таму сме најбрзи“, рече Стела.
Спорт
Манчестер јунајтед го отпиша Хојлунд

Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра.
Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“.
Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, известува Лори Витвел. На 95 настапи, тој постигна 26 гола за Јунајтед.
Најголем интерес за Хојлунд покажува Милан, а според некои медиуми не се исклучува можноста тој да се врати во Аталанта.
Спорт
(Видео) Дебакл на Сантос, Нејмар со плачење го напушти теренот

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови.
Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и 61-та, Рајан постигна гол од пенал во 59-та, а Тче Тче ги постави конечните 0:6 во 67-та минута.
Победата го извлече Васко од зоната за испаѓање, а Сантос остана два бода над нив. Нејмар, најголемата ѕвезда на Сантос на теренот не можеше да ги скрие солзите.
По натпреврот, Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер,
Васко му го расипа посебниот ден на Нејмар. Имено, ова беше 250-ти натпревар на 33-годишната ѕвезда за Сантос, клубот каде што ја започна својата кариера. Нејмар постигна три гола на 11 лигашки настапи оваа сезона.
Фото/ Принтскрин