Спорт
Распоред на натпреварите во првата фаза на ЕУРО 2024
Грузија, Украина и Полска се последните селекции кои изборија пласман на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се игра во Германија.
Натпреварите, вкупно 51 од нив, ќе се играат во десет градови, а термините се во 15, 18 и 21 часот. Има шест групи, а од секоја група понатаму ќе одат најдобрите две репрезентации и вкупно четири од шесте третопласирани селекции.
Распоред на натпреварите:
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
14 јуни, 21 часот: Германија – Шкотска (Минхен)
15 јуни, 15 часот: Унгарија – Швајцарија (Келн)
19 јуни, 18 часот: Германија – Унгарија (Штутгарт)
19 јуни, 21 часот: Шкотска – Швајцарија (Келн)
23 јуни, 21 часот: Швајцарија – Германија (Франкфурт)
23 јуни, 21 часот: Шкотска – Унгарија (Штутгарт)
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
15 јуни, 18 часот: Шпанија – Хрватска (Берлин)
15 јуни, 21 часот: Италија – Албанија (Дортмунд)
19 јуни, 15 часот: Хрватска – Албанија (Хамбург)
20 јуни, 21 часот: Шпанија – Италија (Гелзенкирхен)
24 јуни, 21 часот: Хрватска – Италија (Лајпциг)
24 јуни, 21 часот: Албанија – Шпанија (Дизелдорф)
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
16 јуни, 18 часот: Словенија – Данска (Штутгарт)
16 јуни, 21 часот: Србија – Англија (Гелзенкирхен)
20 јуни, 15 часот: Словенија – Србија (Минхен)
20 јуни, 18 часот: Данска – Англија (Франкфурт)
25 јуни, 21 часот: Англија – Словенија (Келн)
25 јуни, 21 часот: Данска – Србија (Минхен)
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
16 јуни, 15 часот: Полска – Холандија (Хамбург)
17 јуни, 21 часот: Австрија – Франција (Дизелдорф)
21 јуни, 18 часот: Полска – Австрија (Берлин)
21 јуни, 21 часот: Холандија – Франција (Лајпциг)
25 јуни, 18 часот: Холандија – Австрија (Берлин)
25 јуни, 18 часот: Франција – Полска (Дортмунд)
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
17 јуни. 15 часот: Романија – Украина (Минхен)
17 јуни, 18 часот: Белгија – Словачка (Франкфурт)
21 јуни, 15 часот: Словачка – Украина (Дизелдорф)
22 јуни, 21 часот: Белгија – Романија (Келн)
26 јуни, 18 часот: Словачка – Романија (Франкфурт)
26 јуни, 18 часот: Украина – Белгија (Штутгарт)
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка
18 јуни, 18 часот: Турција – Грузија (Дортмунд)
18 јуни, 21 часот: Португалија – Чешка (Лајпциг)
22 јуни, 15 часот: Грузија – Чешка (Хамбург)
22 јуни, 18 часот: Турција – Португалија (Дортмунд)
26 јуни, 21 часот: Грузија – Португалија (Гелзенкирхен)
26 јуни, 21 часот: Чешка – Турција (Хамбург)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута.
Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок на почетокот на акцијата.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираа зошто голот е поништен. Судиите рекоа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш ние не би го завршиле натпреварот со 11 играчи. Можеме да зборуваме за играта или за одлуката, таа му штети за на фудбалот“, рече Покетино.
Спорт
(Видео) Два гола и две асистенции, Меси го реши Њу Ингланд
Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија.
Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби на првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум асистенции.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.
In case you guys missed…here's highlights of Lionel Messi vs New England Revolution | 2 goals and an assist🐐pic.twitter.com/hu4l8fhgvq
— SK10 𓃵🇵🇸 (@SK10_Football) April 28, 2024
Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.