Спорт
Раул и ПСЖ ќе почекаат за титула – Барса го победи најбогатиот ракометен клуб
Барселона со 37:32 го совлада тимот на Пари-Сен Жермен во првиот меч од фајналфор-турнирот во Лигата на шампионите во Келн за да се бори за својата десетта европска титула и уште еднаш да го одбележи европскиот неуспех на ПСЖ и покрај тоа што се работи за најбогатиот ракометен клуб на светот.
Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, ќе мора да почека нова шанса да ја освои својата втора европска титула (останува да се види дали на клупата на ПСЖ) откако тимот полн со ѕвезди беше подобар противник само на почетокот на мечот за потоа да дозволи Каталонците да направат разлика, која ја заддржаа до крајот.
Дика Мем ги предводеше Каталонците со осум гола, Арон Палмарсон додаде шест, а кај ПСЖ, Дилан Наи заврши со девет гола, а Микел Хансен имаше седум.
Во вториот меч на необичниот декемвриски фајналфор, кој беше поместен поради коронавирусот и во кој беа избрани четирите екипи со најдобар скор во недовршената сезона, ќе играат унгарскиот Веспрем и Кил во 20.30 часот.
Финалето на програмата е веќе утре во 20.30 часот откако претходно во 18 часот ќе се одржи мечот за трето место.
ЕХФ ФАЈНАЛФОР, ПОЛУФИНАЛЕ
Барселона – Пари-Сен Жермен 37:32 (18:14)
Веспрем – Кил 20.30 ч
WATCH: @Gerard_Vincent for @psghand ⛔️#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/mH2MfsGxT0
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: @DikaMem gives @FCBhandbol the lead!#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/QmGXLrOVEi
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: What a save and what a game, @KamKevin! @FCBhandbol #ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/7WoBiv7wrG
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
WATCH: Stunning assist by Dainis Kristopans finished by Ferran Sole to start the second half for @psghand ?#ehffinal4 #ehfcl pic.twitter.com/rg1XLjDpDV
— EHF Champions League (@ehfcl) December 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Германија ја детронизира Франција, Хрвастка на „мускули“ ја победи Унгарија
Ракометарите од Хрватска и Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Првите избегнаа катастрофа против Унгарците со пресврт (27:25), вторите ја изненадија Франција во феноменален натпревар (38:34).
Хрватска – Унгарија 27:25 (13:15)
И покрај фактот дека беа во водство до последните 15 минути, избраниците на Чема Родригез потклекнаа во последната четвртина од натпреварот, што немаше никакво значење за нив.
Хрватска се мачеше против борбените Унгарци, успеа да го постигне толку посакуваниот пресврт и да го потврди пласманот меѓу четирите најдобри ракометни нации на Стариот континент, со серијата 7:1 во средината на второто полувреме, со која од минус четири се дојде до предност од два гола.
Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Ловре Кларица, Давид Мандиќ, Марио Шоштариќ и Тин Лучин со по четири гола. Унгарците ги предводеа Бенце Имре (7) и Зоран Илиќ (5).
Германија – Франција 38:34 (19:15)
Во натпреварот што го одлучи тимот што обезбеди пласман во полуфиналето од првата група зад Данска, „панцерите“ направија изненадување и ги надиграа бранителите на трофејот во извонреден натпревар.
Во исто време, Франција остана без директен пласман на Светското првенство, што значи дека ќе мора да игра во квалификациите.
Предводени од Јури Кнор, Германците имаа водство од пет гола до почетокот на втората половина од играта, но противникот се разбуди во продолжението и им приреди на публиката во Хернинг трилер завршница.
Момците на Гисласон ги збија редовите и успеаја да го одбијат налетот на Французите.
Инспирираниот Кнор ја предводеше Германија со 10 гола, додека Дика Мем постигна гол повеќе на спротивната страна.
Доколку Данците ја победат Норвешка како што се очекува, ќе се натпреваруваат против Исланд во борбата за финалето. Ова значи дека втората двојка ќе биде Хрватска – Германија, додека Шведска и Португалија ќе играат во плејофот за петтото место.
Спорт
Пакета си ја исполни желбата, се враќа во Фламенго
Лукас Пакета го напушта Вест Хем и се враќа дома во Фламенго.
Како што беше најавено во текот на претходните недели, Пакета успеа да го натера Вест Хем да преговара и да добе обесштетување, од актуелниот шампион на Јуѓна Америка од 42.000.000 евра.
Ова е рекорден трансфер за бразилскиот клуб, а претходното најскапо засилување беше Самуел Лино, кој минатото лето, пристигна од Атлетико Мадрид за 22.000.000 евра.
Лукас Пакета сакаше да се врати во својот матичен клуб, во својот роден град, од кој замина како тинејџер во големиот Милан, како еден од најталентираните Бразилци, за дури 38.500.000 евра. Милан беше преголем залак, тој го напушти „Сан Сиро“ по само 18 месеци и замина во Лион за 23.000.000 евра.
Тој експлодираше во Лион, што беше причина Вест Хем да го купи по две години, во летото 2022 година, за 42.900.000 евра.
Пакета така се враќа во својот Рио по точно седум години, а навивачите подготвуваат спектакуларен пречек за најскапото засилување во историјата на клубот.
Треба да се напомене дека Пакета е во својот најдобар период, бидејќи има 28 години и ќе биде лидер на тимот на Фелипе Луис во борбата за сите трофеи.
Одигра 139 натпревари за Вест Хем, постигна 23 гола и додаде 15 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Исланд се пласира во полуфиналето на ЕП
Ракометарите од Исланд обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство со победа во директен дуел против Словенија со 39:31.
Познато е дека Словенците дојдоа на ова првенство ослабени, без цела една постава, но сепак успеаја да стигнат до последното коло во битката за полуфиналето.
Таму, сепак ќе игра, селекцијата на Исланд, која собра седум бода и сега зависи само од дуелот меѓу Хрватска и Унгарија дали ќе го освои првото или второто место во Групата 2.
Доколку Хрватска победи, ќе биде прва, а доколку одигра нерешено или загуби, Исланд ќе биде прв, а Хрватите би зависеле од дуелот меѓу Швајцарија и Шведска (20:30 часот).
На оваа средба, Словенија беше видливо исцрпена и само во првото полувреме го издржа темпото што го наметна противникот.
На 10 минути пред крајот, Исланд имаше максимални +8 и веќе беше јасно дека Словенија се збогува од борбата за медал.
Видарсон го предводеше Исланд со осум гола, додека Рикардсон и Магнусон постигнаа по седум.
Во словенечкиот тим, Новак беше најефикасен, со девет постигнати гола.
Во истиот временски интервал, но во натпревар од Група 1, Португалија ја победи Шпанија со 35:27.
Португалците моментално се на третото место во оваа група со пет бода, а Шпанците дефинитивно ќе бидат последни со само два.

