Спорт
Разбојници влегле во домот на Баџо – Легендарниот фудбалер претепан и ограбен
Роберто Баџо (57), еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако провалници упаднале во неговиот дом додека тој и неговото семејство го следеле натпреварот помеѓу Италија и Шпанија на Европското првенство.
Полицијата соопшти дека петмина маскирани и вооружени напаѓачи упаднале во вилата на Баџо во Алтавила Висентина. Баџо им се спротивстави и во пресметката бил повредени.
Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна завршил на шиење во болница.
Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети. Баџо подоцна успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал
Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид.
Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие.
Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да гарантира дека нема да се предомисли во иднина.
„Дали сум возбуден затоа што Реал Мадрид е заинтересиран за мене? Не, затоа што тие навистина не покажаа интерес, тоа е само медиумски „хајп“. Јас сум доследен и нема да го сменам мислењето преку ноќ. Секако, никогаш не можам ништо да гарантирам и целосно да го отфрлам, но имам 58 години и сум среќен таму каде што сум“, рече Клоп, кој го води фудбалскиот проект на Ред Бул..
Многумина веруваат дека Флорентино Перез ќе продолжи да врши притисок врз Јирген Клоп во наредните месеци и дека Германецот е апсолутен приоритет по неуспешниот експеримент со Чаби Алонсо.
Foto/ depositphotos
Спорт
Милосављев ја остави Србија во игра за вториот круг, Хрватска со една нога е во главната фаза
Србија не успеа да ја победи Австрија, во последното коло во групата, загуби со 25:26. Србите сега навиваат за Шпанија, доколку „црвента фурија“ ја победи Германија, Србите одат понатаму, во спротивно го завршија турнирот. За разлика од Србија, Хрватска не дозволи изненадување, ја победи Холандија со 35:29 и доколку вечерва не се случи мега сензација, Шведска да не слави против Грузија, Хрватите се во следната фаза.
Србија и Австрија одиграа тежок меч, со многу борба и впечатокот е дека Австријците имаа повеќе сила во завршницата.
Речиси во текот на целиот натпревар се играше гол за гол. Неколуку пати имаа и едните и другите по два гола предност, но ниту една од селекции не успеа да се одлепи.
На 10 минути до крајот Австрија прв пат стекна предност од три гола, но Србите не се предадоа, благодарение на Пешмалбек кој постигна два гола кога беше најпотребно и голманот Милосављев, кој му одбрани пенал на Билик на 30 секунди до крајот, Србите г задржаа шансите за место во главната фаза.
Кај Србија блескаше Милосављев со 13 интервенции, Немања Илиќ беше најефикасен со шест гола (сите во првото полувреме), Додиќ постигна четири, Којадиновиќ, Пешмалбек и Ѓукиќ по три.
Голманот Мостл ја предводеше Австрија со 12 интервенции, а најефикасен беше Вагнер со шест гола.
Хрватска ја победи Холандија со 35:29 во второто коло од Европското првенство и се приближи до пласман во вториот круг. За да го потврди пласманот, само треба да Шведска да не загуби од Грузија.
Хрватите имаа одредени проблеми со Холанѓаните, особено во првото полувреме, но кога влегоа во вистински ритам, лесно ја обезбедија победата.
Најдобри стрелци за Хрватска беа Иван Мартиновиќ со девет и Звонимир Срна со шест гола. Кај Холанѓаните, Рутгер Тен Велде беше најефикасен со осум гола.
Спорт
Селекторот го повика Ојлески да ѝ се приклучи на репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески.
Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров.
Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија.
Макеоднските ракометари, утре од 18 часот ќе играат против Романија.
Foto/ EPA

