Спорт
Разочарувањето е огромно – Чеферин ѝ е кум на ќеркaтa на Ањели!

Угледниот „Њујорк тајмс“ детаљно ги опишува односите на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, и тврди дека подготвувале заедничка изјава неколку часа пред објавата за европската Суперлига, која направи потрес во светот на европскиот фудбал.
Ова го најави и самиот Чеферин кога изјави дека зборувал со Ањели во саботата и добил уверување дека најавите за Суперлигата се само шпекулации за во неделата 12 клуба да го објават формирањето на Суперлигата, која се распадна со повлекувањето на англиските клубови. Според „Њујорк тајмс“, дури и највисоките личности во клубовите не знаеле за објавата, како што призна спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини.
Според „Кориере дела сера“, Чеферин веќе зборувал со сите претседатели на клубови вклучени во проектот, освен со Ањели, кој останува на мислење дека проектот е за добро на фудбалот. Чеферин, веднаш по дознавањето за проектот, се качил во автомобилот и се возел осум часа од домот во Љубљана до канцеларијата во Швајцарија и постојано се обидувал да го добие Ањели на телефон.
Инаку, Чеферин ѝ е кум на една од ќерките на Ањели и кога не стигнал до него, се јавил на неговата сопруга за да стапи во контакт. Ањели му се јавил по неколку часа и се обидувал да го убеди Словенецот дека работите се во ред. Тогаш Чеферин му понудил да дадат заедничко соопштение и Ањели се согласил. Чеферин составил изјава, која му ја пратил на Италијанецот, но тој барал време за поправки и по уште два повика, Ањели побарал уште половина час и потоа го исклучил телефонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL