Спорт
РБ го отпушти Рикиардо
Она што го најавваа медиумите пред викендот во Сингапур вечерва доби официјална потврда. РБ го отпушти Даниел Рикиардо, на неговото место го донесе Лијам Лосон.
Еден од најискусните возачи во Формула 1 најави во Сигапур дека ќе ја заврши кариерата доколку добие отказ.
„Цел живот го сакам овој спорт. Беше диво, прекрасно и вистинско патување. Им благодарам на сите тимови и поединци кои имаа своја улога. На навивачите кои го сакаат спортот понекогаш повеќе од мене, хаха, благодарам. Секогаш ќе има подеми и падови, но беше забавно и вистината е дека не би менувал ништо. До следната авантура“, рече Австралиецот во Сингапур.
Рикиардо го имаше своето деби во Формула 1 како возач на тимот ХРТ на Големата награда на Британија во 2011 година, а потоа возеше за Торо Росо, Ред Бул, Рено и Мекларен, пред да се врати во тимот од Фаенца, но под името Алфа Таури, а потоа и РБ.
На 258 трки забележа осум победи, вкупно 32 подиуми, а освои и три пол-позиции. Најдобриот пласман во првенството го имаше во 2014 и 2016 година, кога сезоната ја заврши на третата позиција.
Што се однесува до неговата замена, Лосон е студент на програмата за млади возачи на Ред Бул и минатата година возеше пет трки за Алфа Таури, а неговиот најдобар пласман беше деветтото место во Сингапур.
Првенството во Формула 1 ќе продолжи со Големата награда на САД во Остин на 18-20 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

