Спорт
Реал бара дополнителни безбедносни мерки во Белград

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид излез со неколку барања пред организаторите на натпреварот во Белград. Реал, во вторник, ќе му гостува на Партизан во третиот меч од четвртфиналната серија во плеј-офот.
Во шпанската престолнина се загрижени дека ќе има евентуални репресалии, по тепачката што изби во вториот натпревар одигран во Мадрид. .
Како што јави израелскиот новинар Арале Вајсберг, Шпанците пред да пристигнат во Србија поставиле неколку барања.
Меѓу нив се 24. часовно засилено обезбедување во хотелот, полициска придружба до „Штарк Арена“ на тренинзите, како и обезбедување покрај клупата за време на самиот натпревар.
Дополнително, автобусот треба да ги земе играчите и персоналот на Реал по слегувањето од авионот, со што би се избегнало уште на терминалот да се соочат со новинарите и јавноста. .
Според текстот на порталот „Валаспорт“, за кој работи Вајсберг, Партизан ги одобрил сите барања.
Натпреварот е закажан за 2 мај во 20:30 часот.
Real Madrid's security demands in Belgrade:
* Bus transportation from air zone, without passing through the terminal.
* Police escort in all movements.
* 24/7 surveillance around the hotel.
* Reinforce the dispositive of security in Stark Arena.Full details on @WallaSport➡️ pic.twitter.com/gSNGXvHqcr
— Arale Weisberg (@Aralos10) April 30, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Менаџерот на Винисиус го уценува Реал

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, од неколку причини, сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид.
Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште не е постигнат договор.
Менаџерот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја оценил како неприфатлива.
Пења за својот клиент бара годишна плата од 30 милиони евра, што е многу повеќе од сегашната (17 милиони)/ Актуелниот договор на Винисисус му истекува во 2027 година.
Бразилецот има речиси иста плата со Килијан Мбапе.
„Марка“ истакнува дека Реал сака да ја задржи неговата плата под 20 милиони евра годишно.
За да го уценуваат Реал Мадрид, Винисиус и неговиот менаџер преговараат паралелно со Саудијците, кои не не прашуваат за цена.
Оваа сезона неговите бројки не се лоши (20 гола и 16 асистенции), но секако се послаби од минатата година, кога беше во потесниот круг за Златната топка.
Спорт
„Во Јамал не ја гледам генијалноста на феномен, не можам да го споредувам со Меси и Марадона“

Легендарниот тренер, Фабио Капело, не сака да го споредува Ламин Јамал со Меси, Марадона или Роналдо. Јамал, кој сеуште нема 18 години веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот.
Чудото од дете кое игра за Барселона веќе има блескава кариера, минатата година го освои Европското првенство со Шпанија, а оваа сезона е на прагот да го освои и шпанското првенство со Каталонците.
Тој веќе сруши некои рекорди што ги држеше Лионел Меси, по некои параметри го надмина дури и Кристијано Роналдо од помладите денови, а во моментов се чини дека небото е неговата граница.
„Ламин Јамал е играч со многу квалитети и може многу да се подобри, но во него не гледам генијалност на феномен. Меси или Марадона направија работи што никој не можеше да ги замисли, во моментов не можам да го споредам со нив“, изјави Капело за „КОПЕ“.
Капело го вмеша Роналдо во оваа приказна, бидејќи очигледно ги претпочита Меси и Марадона.
„Не зборувам за бројки, зборувам за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч… А колку голови има постигнато? Повеќе од кој било друг, но не може да биде Меси или Марадона.“
И покрај кажаното, Капело верува дека Јамал ја заслужува Златната топка за сè што направи оваа сезона.
„Би гласал за Ламин Јамал за Златната топка. Моите гласови би биле: Винисиус, Мбапе и број еден, Ламин Јамал“, рече Капело.
Спорт
Родриго нема намера да го напушти Реал

Реал Мадрид сезоната 2024/2025 ќе ја заврши без „голем трофеј“. Барселона на Реал му го зеде Купот на Шпанија и националниот шампионат, а во Лигата на шампионите Арсенал го елиминира „кралскиот клуб“ во четвртфиналето.
Карло Анчелоти, тренерот на Реал, си оди од клубот, а првиот човек Флорентино Перез, подготвува и реконструкција на тимот.
Слично како и минатата сезона, со заминување од Реал се поврзува Бразилецот Родриго. Не е тајна дека Пеп Гвардиола сака да го донесе во Манчестер сити, а наводно за него се распрашува и Арсенал.
Бразилецот реши да одговри на овие шпекулации.
„Ви благодарам за сите пораки и „грижата“ што ја покажувате. Ќе се вратам. Престанете да измислувате вакви работи“, напиша Родриго на социјалните мрежи.
Оваа сезона, Родриго постигна 13 гола и запиша 10 асистенции, одигра 50 натпревари во сите натпреварувања.