Спорт
Реал без Куртоа и Карвахал во Купот на кралот

Двајца играчи на Реал сигурно ќе го пропуштат утрешниот натпревар во Купот на кралот, против Касарењо.
„Марка“, пренесува дека тренерот Карло Анчелоти нема да смета на голманот Тибо Куртоа и десниот бек Дани Карвахал.
Двајцата се повредени, но од клубот посочиле дека повредите не се сериозни и дека играчите треба релативно брзо да закрепнат. Сепак, тие не присуствуваа на последниот тренинг на првиот тим.
Карло Анчелоти ќе направи многу промени во својот состав на гостувањето кај Касерењо, најверојатно меѓу стативите ќе биде Украинецот Андреј Лунин, а местото на Карвахал ќе го заземе искусниот Фернандез Начо.
Тренерот на Реал, во секој случај, ќе ги одмори повеќето играчи кои беа на Мундијалот во Катар. Се најавува дека Еден Азар, по долго време ќе биде во стартниот состав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET
Спорт
Црвена звезда победи кај европскиот првак Фенербахче

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата.
Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше помошниот тренер Томислав Томовиќ, откако Јанис Сверопулос доби отказ.
That’s a good way to kick things off, @kkcrvenazvezda! 🤩#MotorolaMagicMoment | @Moto pic.twitter.com/DTpb7vzqJs
— EuroLeague (@EuroLeague) October 10, 2025
Црвена звезда водеше во текот на целиот натпревар, во финишот на првиот дел имаше водство од 16 поени, со двоцифрена разлика влегоа и во последната четвртина, кога се разигра Бонзи Колсон. Тој со четири тројки го врати Фенербахче во мечот.
Кај Звезда, Чима Монеке се истакна со дабл-дабл учинок, односно 20 поени и 12 скока, по што следуваше Тајсон Картер со 15 поени, два скока и три асистенции.
Двоцифрен број на поени имаа и дебитантот во тимот, Донатас Мотиејунас со 13 поени и шест скока, Џордан Нвора со 11 поени и четири скока, и Коди Милер-МекИнтајр со 10 поени, три скока и седум асистенции.
За Фенербахче, Тален Хортон-Такер и Бонзи Колсон постигнаа по 19 поени, додека Микаел Јантунен имаше 15 поени и пет скока.
Резултати:
Олимпијакос-Дубаи 86:67
Барселона-Валенсија 108:102
Баерн-Жалгирис 70:98