Спорт
Реал и Билбао без голови на „Бернабеу“ (видео)
Реал Мадрид и Атлетик Билбао одиграа 0:0 во последниот меч од 18. коло на шпанската Ла лига, за „кралевите“ трет меч едноподруго да одиграат нерешено и да дозволат Барселона да направи разлика од 2 поени на врвот на табелата.
„Кралевите“ ја имаа иницијативата во текот на целото прво полувреме и имаа две стативи, но топката еднаш заврши во голот на Тибо Куртоа, кога Кенан Кодро погоди од контранапад. Сепак, голот беше поништен.
Баскискиот клуб и во второто полувреме ги чекаше своите шанси од контранапад, а Лука Јовиќ ја имаше најизгледната шанса во 85. минута, кога ја погоди пречката. Реал останува втор, додека Атлетик се на седмото место со 28 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Лекип“ откри кого Дешан ќе тренира по СП во 2026 година
Францускиот селектор Дидие Дешан ќе ги напушти „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година. „Лекип“ тврди дека тој веќе има нова работа.
Според овој извор, селекторот ќе се врати во клупскиот фудбал и ќе го преземе кормилото на Ал Итихад. Ова не ја изненади француската фудбалска јавност, бидејќи еден ден претходно Дешан потврди дека имал контакт со клуб од Саудиска Арабија, а познато е дека првите ѕвезди на Ал Итихад се поранешните репрезентативци на Франциај Карим Бензема и Н’Голо Канте.
Во таа прилика, селекторот на Франција нагласи дека неговата одлука да го напушти кормилото на „Триколорите“ на крајот од Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на тоа каков резултат ќе постигне Франција на Светското првенство.
Овој 57-годишен тренер ги предводи Французите од 2012 година. Под негово водство, „Триколорите“, станаа светски шампиони во 2018 година во Русија. Пред Франција, тој тренираше само три други клуба: Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј и освои трофеи со секој од нив.
Како фудбалер, Дешан играше за Нант, Бордо, Олимпик Марсеј, Јувентус, Челзи и Валенсија. Тој освои 15 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони со Марсеј (1993) и Јувентус (1996).
Спорт
Оскар поради проблеми со срцето мора да стави крај на кариерата
Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши кариерата откако беше хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Поранешната ѕвезда на Челзи , во вторникот заврши во болница, откако се пожали дека не се чувствува добро. Најновите вести велат дека поради проблеми со срцето, тој ќе мора да ја заврши кариерата.
Како што објави „Дејли мејл“, Оскар паднал во несвест за време на тренинг, поточно за време на користењето на велосипед за вежбање, во тренинг центарот на Сао Паоло.
Оскар беше голема ѕвезда на Челзи пред десет години, но во својот најдобар период, кога имаше само 25 години, реши да ги напушти „Сините“ и да оди во Кина.
Иако стана еден од најплатените играчи во светот, тој исчезна од фудбалската мапа и беше заборавен од многу фанови.
Според „Глобал Еспорте“, Оскар покажал знаци на срцева абнормалност за време на тестовите пред да се врати на теренот по повредата на грбот.
Медиумите известуваат дека лекарите на Сао Паоло процениле дека играчот од средниот ред е подготвен да се врати на теренот. Оскар се врати во Сао Паоло во јануари оваа година, откако осум години играше во Шангај, Кина, а претходно, покрај за Челзи, играше и за Интернационал од Порто Алегре.
Двапати беше шампион на Англија со Челзи и еднаш ја освои Лига Европа со „Сините“ од Лондон.
Забележа 48 настапи за бразилската репрезентација и постигна 12 гола.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ: Кога ќе загубам, не сакам да гледам тенис неколку дена
Една од темите на интервјуто на Новак Ѓоковиќ со познатиот британски новинар Пирс Морган беше неговиот став кон Карлос Алкараз и Јаник Синер.
„Како се чувствувате сега кога, по толку години, младите лавови ве победуваат?“, го праша Морган најдобриот тенисер на сите времиња.
„Знаев дека тоа ќе се случи еден ден. Во секој спорт доаѓа време кога се појавува нова генерација и почнува да доминира. Природна еволуција. Синер и Алкараз се одлични за тенисот, нивните соперништва, нивните натпревари… Финалето на Ролан Гарос оваа година беше едно од најепските досега. Беше неверојатно да се гледа. Кога ме прашаа на Вимблдон дали го гледав, реков дека не сакав, бидејќи загубив во полуфиналето од Јаник. Кога ќе завршам турнир, не сакам веднаш да гледам тенис. Барем неколку дена. Освен ако мојот син не сака да игра, тоа е друга приказна“, рече Ѓоковиќ и дополни.
На крајот морашл да гледа.
„Но, мојот син и сопруга, а до одреден степен и мојата ќерка, го сакаат тенисот. Тие ги гледаат финалињата, Гренд слем турнирите. Тој ден се обидов да ги изнесам надвор, да ручаме, да прошетаме. Не сакаа директно да ми кажат, но всушност сакаа да останат и да го гледаат мечот. Реков: „Добро, може да гледате еден сет“. Планирав да заминам на два часа, мислев дека ќе заврши. Но, траеше повеќе од пет часа. На крајот се вративме и ги гледавме последните два часа“
Novak Djokovic says he first met his wife Jelena when she was dating his friend, another tennis player.
"We actually never spoke about it… I think we're both very uncomfortable about speaking about it."
Watch more 👇
📺 https://t.co/gCAjSqk5H2@piersmorgan | @DjokerNole pic.twitter.com/lPHKodCVEp
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 11, 2025
Морган додаде:
„Што чувствувавте додека ги гледавте двајцата?“
„Искрено, на почетокот почувствував отпор. Не сакав да гледам. Само затоа што семејството сакаше. Немав внатрешен нагон да седнам и да гледам. Но, тоа брзо помина. Кога гледам тенис, го гледам поинаку од просечниот навивач. Исто како што Кристијано веројатно гледа фудбал. Прво сум аналитичен. Ги гледам тактиките, начинот на игра. Потоа влегов во фаза на восхит. Не сум го доживеал ова често додека ги гледав другите. Можеби само неколку пати, кога ги гледав Федерер и Надал. Имаше можеби четири или пет натпревари во мојот живот каде што реков: „Ова е астрономско ниво на тенис.“ Тоа е она што го почувствував тогаш“.

