Спорт
Реал и Интер преговараат за размена на фудбалери
Реал Мадрид и Интер ги почнале преговорите за размена на фудбалери, пишува германскиот „Скај спорт“. Овој извор ги објави и имињата на фудбалерите што треба да бидат вклучени во размената.
Во размената би биле вклучени Кристијан Ериксен и Иско, играчи што не се задоволни од статусот што го имаат во своите клубови.
Ериксен во јануари пристигна во Интер кога италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Тотенхем за 20.000.000 евра. Данецот не се снајде во Интер, а вчера италијанските медиуми објавија дека тој веќе е ставен на трансфер-листата, односно дека Интер ќе ги разгледа понудите за него.
Слична е ситуацијата со Иско, кој игра по системот топло-ладно, а и неговиот однос со тренерот Зинедин Зидан не е најдобар.
Барем засега проблем претставува вредноста на фудбалерите. Реал за Иско бара 70.000.000 евра, а Ериксен вреди 30.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод.
Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма.
Рајо е првиот тим што остана непоразен оваа сезона дома против Реал и Барселона. Само два клуба успеаја да го сторат тоа минатата сезона: Осасуна и Бетис.
Подоцна во текот на денот, Мајорка го победи Хетафе со минимален резултат, со голот на Муричи во 14-та минута.
Валенсија освои бод во финишот на натпреварот против Бетис. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Бетис водеше од 74-та минута кога Хернандез постигна гол. Валенсија го дојде во 82-та минута преку Риоха.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.

