Спорт
Реал испратиле понуда за Александер-Арнолд

Трент Александер-Арнолд (ТАА) (26), десниот бек на Ливерпул и на репрезентацијата на Англија, од почетокот на годината е на мета на Реал Мадрид. Она што го прави особено привлечен е тоа што неговиот договор со Ливерпул завршува на 30 јуни 2025 година, па со него сега може директно да се преговара бидејќи има уште само половина година од договорот со „црвените“ и фактот дека може во летниот преоден рок може да замине без обесштетувањ.
„Атлетик“, пишува дека Реал му понудил на ТАА „договор во траење од најмалку четири години и дарежлив бонус за потптис на договор и додава: „Изворите од Реал очекуваат Александар-Арнолд да потпише преддоговор со Реал во јануари без оглед на тоа што изворите од Ливерпул тврдат дека постои можност тој да остане на „Енфилд“.
Откако „Атлетик“ објави дека Реал се фокусирал на доведување на Александар-Арнолд во текот на летото, „Тајмс“, објави Реал испратиле понуда трансферот да биде реализиран во зимскиот преоден рок. Реал понудил 20 милиони фунти (25 милиони евра).
Вредноста на ТАА спроед „Трансфермаркт“ изнесува 75 милиони евра.
Александер-Арнолд е роден во Ливерпул и целата своја кариера ја минува во Ливерпул. За клубот има одиграно 333 натпревари постигнал 20 гола и забележал 85. асистенции Со Ливерпул освои една Премиер лига, една Лига на шампиони, еден ФА Куп, едно Светско клупско првенство и два Лига купа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.