Спорт
Реал ќе се засили со плејмејкер од Доминиканска Република

Кошаркарот на Хувентуд, Андрес Фелиз (27) ќе биде првото засилување на Реал Мадрид за следната сезона, објави „Марка“.
Овој портал вели дека Фелиз и Реал веќе постигнале договор според кој играчот треба да потпише договор 2+1, но за тоа да се случи потребно е европскиот вицешампион да плати ја плати отштетата.
Раководството на Реал е во преговори да ја намали сумата од 500.000 евра. Според „Марка“, парашање на денови е кога клубовите ќе постигнат целосен договор.
Што се однесува до договорот на Реал со доминиканскиот репрезентативец, тој не е доведен во прашање, иако самиот Фелиз вели дека во овој момент не сака да дава никакви изјави поврзани со трансферот во Реал.
Фелиз беше избран во тимот на сезоната АЦБ лигата. Беше шести најдобар стрелец во лигата и седми на листата на играчи со најдобар индекс учинок во регуларниот дел од сезоната.
Фелиз имаше просек од 15 поени, 4,3 скока и 4,3 асистенции по натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.
Спорт
Тирана под полициска опсада пред натпреварот помеѓу Албанија и Србија

Повеќе од 2.000 полицајци ќе бидат задолжени за безбедноста пред, за време и по натпреварот меѓу фудбалерите на Албанија и Србија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Според информациите од албанската полиција, српскиот тим ќе има посебна придружба од специјални сили, центарот на градот околу стадионот ќе биде блокиран од 15 часот и никој без билет или акредитација нема да може да влезе.
На стадионот се инсталирани најсовремени уреди за препознавање лица, а трибините се покриени со специјални камери.
Исто така, беше објавено дека нема да бидат дозволени дронови во близина на стадионот и дека секое од нив, доколку се појави, ќе биде соборено, со цел да се избегне ситуацијата од Белград во 2014 година.
Во исто време, граничната полиција нема да дозволи влез во земјата на никого со „хулиганско досие“.
Натпреварот помеѓу Албанија и Србија ќе се игра вечерва во 20:45 часот.
Спорт
Пред 32 години кошарката остана без својот Моцарт

На денешен ден пред 32 години, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. Легендата на светската кошарка, ден пред трагичната несреќа играше квалификациски натпревар во Полска за репрезентацијата на Хрватска.
Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил, со својата нова девојка Клара Саланти и нивниот пријател Хилал Едебал, наместо да се качи авионот со кој репрезентацијата се враќала во Хрватска.
Александар Петровиќ, постариот брат на Дражен, тогаш асистент-тренер на репрезентацијата го информирал тимот дека неговиот брат се враќа со автомобил.
Во 17.20 часот, камионџија од Холандија се излизга на влажниот автопат и влезе во другата лента, додека Саланти го возеше „Фолсквагенот голф“ со Дражен на сопатничкото место во длабок сон.
Камионот беше застанат во трите ленти, а возачот се обидуваше да сигнализира на автомобилите да сопрат. Меѓутоа, Саланти, која возела 160 км/ч ја загубила контролата на возилото и автомобилот удрил во банкината, па во застанатиот камион. Саланти и Едебал преживеаја, додека Петровиќ, кој не бил врзан со заштитениот појас бил фрлен во насоката на камионот и добил фатални повреди на главата.
Денеска на неговиот гроб во Загреб, како и пред споменикот на неговиот роден град Шибеник ќе бидат поставени цвеќиња во одбележувањето на трагичниот ден.
Со прекар „кошкаркарскиот Моцарт“, Петровиќ беше роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година. Тој е прогласен за најдобар европски кошаркар во историјата, а остави свој печат и во НБА лигата со Њу Џерси Нетс, со кои имаше просек од 20.6 поени во 36.9 минути на теренот не пропуштајќи ниту еден натпревар.