Спорт
Реал Мадрид го обвини судијата за „кражба“ во Ел Класико
Во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, Барселона на „Камп Ноу“ го победи Реал Мадрид со 2:1 и на 12 кола пред крајот на шампионатот побегна на врвот на табелата со 12 бода предност. Неколку дена по тој натпревар не стивнуваат обвинувањата од Мадрид дека нивниот тим е оштетен.
Главен судија на натпреварот беше Рикардо Де Бургос Бенгоечеа, а Реал Мадрид ТВ објави четириминутно видео со неговите одлуки за кои тврди дека се на штета на мадридскиот тим.
Клупската телевизија на Реал Мадрид истакнува дека Де Бургос Бенгоечеа работел на штета на клубот „заедно со неговиот верен играч во ВАР, Цезар Сото Градо“, односно дека двајцата ја презеле контролата за да го „држат Реал подалеку од каква било шанса да се бори за титулата“.
Во понатамошниот дел од анализата, судијата е директно обвинет за поразот од Реал, кој тврди дека секоја одлука била на штета на мадридскиот клуб.
Се издвојува дека Серхи Роберто требаше да добие жолт картон во 15. минута, а потоа малку подоцна судијата не успеа јавно да го предупреди и Роберт Левандовски. Неговите критериуми зависеле од дресот што го носи играчот, истакнува Реал Мадрид ТВ, а ниту стартовите на Гави не биле санкционирани со жолти картони.
„Двајцата судии имаа задача да го елиминираат Реал Мадрид од борбата за освојување на Ла Лига. Де Бургос и Сото Градо не ја пропуштија можноста да го сторат тоа“, пренесува „Спорт“ од анализата, која го истакнува поништениот гол на Марко Асенсио во 81. минута.
„Својата одлука ја оправдаа со некои линии, повлекувајќи ги сантиметар овде или таму, со око, како што им одговара“, се тврди и се заклучува: „За да ни ги уништат соништата, тие го признаа голот на Кеси по чист фаул на Левандовски над Карвахал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул, Барса, Баерн и Јуве сигурни, Челзи едвај го скрши Пафос
Комплетирано е претпоследното, седмо коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Барса преживеа Прага и на крајот стигна до сигурна победа, Ливерпул беше убедлив во Марсеј, Јуве го доби мало дерби против Бенфика, Баерн лесно се псрави со Унион во второто полувреме, а Челзи на „мускули“ го победи Пафос. Њукасл беше убедлив против ПСВ, а Атлетик Билбао, со пресврт во вториот дел победи во Бергамо.
Резултати:
ГАЛАТАСАРАЈ – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1 (1:1)
/Љоренте 20аг – Симеоне 4/
КАРАБАГ – АИНТРАХТ ФРАНКФУРТ 3:2 (1:1)
/Дуран 4, 80, Мустафазаде 90+4 – Узун 10, Шаиби 78 пенал/
АТАЛАНТА – АТЛЕТИК БИЛБАО 2:3 (1:0)
/Скамака 16, Крстовиќ 88 – Гурузета 58, Серано 70, Наваро 74/
БАЕРН – УНИОН СЕН ЖИЛОА 2:0 (0:0)
/Кејн 52, 55пен./
ЧЕЛЗИ – ПАФОС 1:0 (0:0)
/Каиседо 78/
ЈУВЕНТУС – БЕНФИКА 2:0 (0:0)
/Тирам 55, МекКени 64/
МАРСЕЈ – ЛИВЕРПУЛ 0:3 (0:1)
/Собослај 45+1, Медина 73, Гакпо 90+3/
ЊУКАСЛ – ПСВ 3:0 (2:0)
/Виса 8, Гордон 30, 65/
СЛАВИЈА ПРАГА – БАРСЕЛОНА 2:4 (2:2)
/Кусеј 10, Левандовски 44аг – Фермин Лопес 34, 42, Олмо 63, Левандовски 71/
Foto/ EPA
Спорт
Арсенал и Челзи во борба за Арда Гулер
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок.
Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација.
Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година.
Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би можел да биде достапен ова лето за околу 90 до 100 милиони евра.
Спорт
Македонија ќе биде носител во плејофот за пласман на СП
Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година.
Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е кои четири репрезентации ќе бидат носители во плејофот за Мундијалот следната година во Германија.
Познато е и кои шест репрезентации, ќе играат и претквалификациски два натпревари во март, а познато е и кои две репрезентации ја избегнале барем таа фаза, но нема да бидат носители во плејофот.
Што се однесува до преостанатите 12, сигурно е дека Германија и Данска нема да учествуваат во плејофот за Светското првенство, кои веќе се квалификуваа за Светското првенство. Германија како домаќин, Данска како актуелен светски шампион.
Останатите 10 репрезентации, покрај борбата за медали, ќе се борат за уште четири директни визи за Светското првенство. Останатите шест репрезентации ќе бидат распоредени во плејофот за Светското првенство.
Шпанија, Франција, Норвешка, Португалија, Словенија, Унгарија, Исланд, Шведска, Хрватска и Швајцарија ќе се борат за четири директни визи за Светското првенство.
Шесте кои нема да успеат во тоа ќе бидат распоредени во плејофот како носители, заедно со Фарските Острови, Македонија, Холандија и Австрија.
Можно противници на Македонија во баражот: Србија или Литванија, Полска или Латвија, Грција или Белгија, Црна Гора или Финска, Грузија или Израел, Италија, Босна и Херцеговина и Чешка.
Foto/ EPA

