Спорт
Реал Мадрид му нуди огромен бонус на Мбапе за да да дојде на „Бернабеу“

Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Оваа информација нема официјална потврда, но тоа е заклучокот на поголемиот дел од светските медиуми кои ја следат ситуацијата околу напаѓачот кој не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен за следната година да може да го напушти клубот како слободен играч и на тој начин да договори поголема плата во нова средина.
Таа нова средина ќе биде Мадрид, а бонусот за потпис со кој Реал го убеди Мбапе да дојде, заедно со најголемите спортски цели и високите приходи, наводно е 160 милиони евра.
Токму затоа се бесни во Париз и се убедени дека тоа е главната причина поради која Мбапе одбива да потпише продолжување на договорот.
Мбапе одигра 260 натпревари за ПСЖ со фантастичен ефект од 212 гола и 98 асистенции. Тој е под договор до следниот јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се договoри со Тотенхем, Коло Муани се сели во северен Лондон

ПСЖ повторно го испрати на позајмица Рандал Коло Муани (26). Репрезентативецот на Франција ја помина втората половина од минатата сезона во Јувентус.
Цело лето Коло Муани чекаше Јувентус да се договори со ПСЖ. Откако клубовите не постигнаа договор, а Јувентус за 40 милиони евра го донесе Лоис Опенда, Коло Муани прифати да се пресели во Тотенхем.
Фабрицио Романо објави дека Спарс ќе му плати на ПСЖ пет милиони евра и дека во фоговорот нема опација за откуп на договорот.
ПСЖ плати 95 милиони евра за Коло Муани кога го купија од Ајнтрахт на последниот ден од летниот преоден рок. Оттогаш, тој одигра 54 натпревари за ПСЖ и постигна 11 голови.
Фото/ EPA/RICCARDO ANTIMIANI
Спорт
Манчестер јунајтед најде голман во Антверпен

Манчестер јунајтед се договори со Антверпен во врска со трансферот на 23-годишниот голман Сене Ламенс.
Јунајтед ќе плати 21 милион евра отштета за белгискиот голман, кој сè уште не нема настап за сениорската репрезентација.
Инсајдерот Дејвид Орнштајн, објави дека Ламенс е во Англија, кога ќе ги помина задолжителните медицински преглед, ќе потпише петгодишен договор за Јунајтед пред крајот на преодниот рок, кој завршува во 19 часот.
Ламенс одигра 64 натпревари за Антверпен, прими 86 гола и 12 пати не прими гол.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на девет милиони евра.
Со овој трансфер извиси Емилијано Мартинез среќен. Аргентинскиот голман на Астон Вила сакаше да се пресели во Јунајтед, на крајот клубот се реши да го потпише Белгиецот.
Англичаните пишуваат дека Мартинез сега е во контакт со Галатасарај.
Спорт
Бретнфорд се согласи да го пушти Виса во Њукасл

Њукасл јунајтед веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Александер Исак. Швеѓанецот во рекорден трансфер, кога станува збор за Премиер лигата, се сели во Ливерпул. Сумата од 150 милиони евра, Њукасл ја вложи во Ник Волтемаде и Јоан Виса.
Напаѓачот на Штутгарт, Волтемаде пристигна во клубот пред неколку дена, а до крајот на денот, Виса ќе потпише договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Виса, во Њукасл доаѓа од Брентфорд во трансфер вреден 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра). Клубовите се договориле, половина од сумата Њукасл да уплати веднаш, а половина наредната година. Во договорот постои клаузула која му гарантира на Брентфорд 25 отсто од наредната продажба на фудбалерот.
Виса, кој постигна 49 гола на 149 натпревари за Брентфорд, беше продаден откако во објава на Инстаграм го обвини клубот за прекршување на договорот и побара од сопствениците и директорите на клубот да го исполнат своето ветување и да му дозволат трансфер за да мопже да напредува во кариерата.
Напаѓачот од Конго јавно се пожали дека „клубот неоправдано му стои на патот и покрај низата фер понуди во текот на летото“, кои, како што тврдеше тој, биле договорени и ставени на хартија.
Виса во 2021 година дојде во Брентфорд од Лориен. Минатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, постигна 19 голови.
Фото/ Принтскрин