Спорт
Реал Мадрид сака да го купи Кварацхелија, а Наполи да го „врзе“ со клаузула од 150 милиони евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/kvarachelija.jpg)
Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересирани за играчот на Наполи и грузиски репрезентативец Квича Кварацхелија, пренесува шпански „АС“. Грузискиот фудбалер оваа сезона блеска во дресот на Наполи кој е убедливо на првото место на табелата во Серија А.
Кварацхелија (22) минатата година пристигна во Наполи од Динамо Батуми за само 10 милиони евра, а оваа сезона одигра 24 натпревари за италијанскиот клуб и постигна 12 гола.
Шпанските медиуми пренесуваат дека грузискиот репрезентативец е цел на големите европски клубови, а Реал Мадрид наводно веќе испратил понуда до клубот од Неапол.
Сепак, претседателот Аурелио де Лаурентис сака експресно да ја продолжи соработката со младиот фудбалер, а во договорот ќе биде вметната и отштетна клаузула од 150 милиони евра. Тој е подготвен да го продаде најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимхен, бидејќи сака да го задржи Кварацхелија.
За Грузиецот се заинтересирани и ПСЖ и Њукасл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Ед Ширан настапи пред фудбалерите на англиската репрезентација, коментарите се безмилосни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ed-shiran.jpg)
Репрезентативците на Англија се подготвуваат за четвртфиналниот натпревар на Европското првенство против Швајцарија.
Откако ги поминаа Словаците во осминафиналето, сега ја чекаат Швајцарија која во осминафиналето ја исфрли Италија. Герет Саутгејт изјави дека неговите играчи треба малку да се опуштат бидејќи резултатскиот притисок е преголем, па затоа организираше концерт во репрезентативниот камп.
Така Здружението се согласи Ед Ширан, еден од најпознатите светски музичари, но и голем фан на англиската репрезентација, кој го следи целиот турнир од трибините, да одржи концерт. Коментарите на навивачите на англиската репрезентација на социјалните мрежи се брутални, тие масовно се потсмеваат на овој настан.
Jude Bellingham recording Ed Sheeran performing at the camp🤍 https://t.co/vsxxbBZ0ou pic.twitter.com/0gOODlQEyA
— Ria 🏴 (@itsjudithworld) July 2, 2024
„Герет Саутгејт е единствениот човек во светот кој мисли дека играчите ќе бидат мотивирани од музиката на Ед Ширан“.
„Ед Ширан е ужасен, но играчите на Англија не заслужија подобро со оглед на тоа колку лошо го играат ова евро“,
„Ние страдавме до сега, сега вие страдајте“,
„Претеравте, тие не беа толку лоши па да ги мачите“, се само некои од коментарите.
Спорт
(ВИДЕО) Историска победа на Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/turkie.jpg)
Турција со одличен резултат се пласира во четвртфиналето на европското првенство, откако ја совлада Австрија која доживеа вистински пораз.
Годинава на Европското беа на првото место во една од најтешките групи, и изгледаа дека имаат одличен компактен тим за кој многу експерти предвидуваа дека ќе го оди до крај.
Сепак, Турција беше подобра и поради дисциплинираната одбрана.
Турција од вечерва ќе стане побогата за две фудбалски имиња – Мерих Демирел и Мерт Гунок.
Дефанзивецот Демирел постигна два гола од корнер, а Гунок со одлична одбрана во последните минути од натпреварот ја спаси победата на тимот.
Голманот на турската репрезентација херој на мечот.
Тој во последните моменти од мечот против Австрија го сопре обидот на Кристоф Баумгартнер и на тој начин спречи израмнување (2:1).
Голманот на Бешикташ ја направи можеби најдобрата одбрана на турнирот, ако се земе предвид моментот на игра.
Извесно е дека Турците имаат играчки и тактички квалитет за понатамошниот тек на натпреварувањето, а резултатот од 2008 година, односно полуфиналето, сигурно ќе биде мотив за следната рунда.
Спорт
Нема ден без селекторот
Пикси смета дека дал максимум за својата репрезентација.
Во наредниот период се очекува Стојковиќ да има разговори со првиот човек на ФСС Драган Џајиќ, а потоа и со претседателот на државата.
Во договорот потпишан од ФСС со Стојковиќ стои дека во случај на отказ, ќе му се должи сума од еден милион евра, а тоа е еден од главните проблеми околу оставката на актуелниот тренер, што можеби нема ни да се случи!
Доколку во секој случај ФСС решат да ја прекинат соработката со Стојковиќ, ќе имаат тешка работа во поглед на наоѓање нов тренер.
Од тамошните тренери на таа функција претендираат Славиша Јокановиќ и Александар Јанковиќ, додека веќе на големо се зборува дека во случај на отказ на Стојковиќ на негово место би можел да дојде тренер од странство.
Србија во септември ќе има обврски во Лигата на нации каде ќе се натпреварува во најсилната А дивизија, а ривали во групата ќе бидат Шпанија, Данска и Швајцарија, сите учесници во нокаут фазата на ЕП.
Србија во декември ќе ги добие ривалите во квалификациите за СП 2026 година, а борбата за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе започне во март 2025 година.