Спорт
Реал Мадрид ТВ: Одвратна е оваа лига

Реал и Атлетико одиграа нерешено 1:1 во Мадрилењо дербито во 23. коло од шпанската Ла Лига.
По натпреварот шпанската јавност беше фокусирана на контроверзната објава на телевизијата на Реал Мадрид, во жестоко беа критикувани судиите.
Причината беше пеналот од кој Алварез во 35. минута го доведе Атлетико во водство од 1:0. По консултација со ВАР, судијата ја гледаше снимката, на која јасно се забележува дека Чуамени гази врз стаполото на Лино.
Ова наиде на големо неодобрување кај стручниот штаб и навивачите на Реал Мадрид.
„Оваа казна е смешна. Мора да играме и против судиите и против ривалите“, беше првиот коментар по натпреварот на ТВ Реал Мадрид.
Официјалната телевизија на кралскиот клуб отиде и чекор понатаму.
„Ако се запрашаме, треба да престанеме да го играме ова натпреварување. Оваа лига е одвратна“.
Реал е на врвот во лигата со 50 бодови, Атлетико има 49, а Барселона е на 45 и натпревар помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.