Спорт
Реал Мадрид загуби поени кај Елче

Елче успеа да извлече 1:1 реми со Реал Мадрид, за да ја прекине победничката низа на „кралевите“ и да дозволи Атлетико Мадрид да се одвои на два поени од нив на врвот на Ла лига и тоа со два натпревари помалку.
Лука Модриќ се најде на вистинското место во 19-тата минута, кога по ударот на Марко Асенсио кој заврши во гредата, ја смести топката со глава во мрежата на домаќините. Меѓутоа, во 52. минута, Елче доби совршена шанса да израмни кога беше досуден пенал, кој Фидел сигурно го реализираше.
Реал сега има 33 поени со 16 одиграни мечеви, зад Атлетико со 35 со 14 меча, и седум пред Реал Сосиедад (исто така со 16 меча). Елче се 15-ти со 16 поени, еден поен над зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мукаетов ќе биде реизбран за претседател на РФМ

Актуелното раководство на РФМ предводено од Живко Мукаетов ќе продолжи да го води ракометот и во следните четири години. Сите делегати и здруженија се едногласни по тоа прашање и ќе биде официјализирано следната недела.
Редовното изборно Собрание на РФМ ќе се одржи на 31 јануари во Скопје. Единствен кандидат за претседател на РФМ ќе биде актуелниот, Живко Мукаетов.
Сите клубови дадоа поддршка за Живко Мукаетов да остане на чело на федерацијата и во следните четири години. Поддршката е посмена, заверена со потпис и клупски печат. Според регулативите, еден клуб не може да даде поддршка за два кандидата, следствено на тоа друг кандидат за претседател нема да има, а изборот ќе биде едногласен.
Собранието ќе се одржи на 31 јануари во „Александар Палас“ со многу строги мерки за заштита од Ковид-19. Делегатите што ќе учествуваат на собранието, а и сите што ќе бидат дел од настанот ќе бидат тестирани со брзи тестови и ќе мора да почитуваат уште низа мерки.
Спорт
Луис Суарез за Атлетико е она што Роналдо беше за Реал

Луис Суарез продолжи одигра уште еден брилијантен меч за Атлетико Мадрид. Уругавецот, синоќа на својот 34 роденден постигна гол, во победата над Валенсија 3:1.
Од почетокот на сезоната Суарез, одиграл 15 натпревари, на кои постигнал 12 гола во Ла Лига.
Уругваецот има најдобар почеток на сезоната во новиот клуб, во последните 10 години. Во 2010 година, Крстијано Роналдо, за Реал Мадрид, на првите 15 натпревари постигна 13 голови.
За потсетување, пред стартот на новата сезона, тренерот на Барселона Роналд Куман, му порача дека не му е потребен, а Суарез бесплатно се пресели во Атлетико.
Спорт
Рекорд на Браун, Бостон го декласираше Кливленд

Џејлен Браун, Демијан Лилард и Гордон Хејворд блескаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Бостон Селтикс ја прекина серијата од три порази против Кливленд Кавалирс. Селтикси предводени од Џејлен Браун го „прегазија“ Кливленд со 141:103. Браун постави нов рекорд во НАБ-лигата, тој за само 19 минути успеа да постигне 33 поени.
Шарлот Хорнест забележа победа на Флорида, против Орландо 107:104. Хорнетси последниот период го добија со 33:18. До победата ги предводеше Гордон Хејворд со 39 поени и 9 скока.
Портланд тесно го совладаа Њујорк Никс, 116:113. Најзаслужен за победата беше Демијан Лилард со 39 поени, 5 скока и 8 асистенции.
За издвојување е и улогата што ја имаше Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки над Атланта 129:115. Гркот забележа 23 поени, 14 скока и 8 асистенции.
Резултати:
Бостон-Кливленд 141:103
Орландо-Шарлот 104:107
Милвоки-Атланта 129:115
Сан Антонио-Вашинготн 121:101
Портланд-Њујорк 116:113
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот