Спорт
Реал не заборави на „вечниот капитен“ Касилјас
Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид не заборавија на својот поранешен капитен Икер Касилјас праќајќи му порака за брзо заздравување по срцевиот напад што го имаше голманот на Порто.
На 1 мај Касилјас, голман на Реал од 1999 до 2015 година, на тренинг на Порто доби срцев удар, по што најверојатно ќе стави крај на кариерата.
Пред мечот со Вилјареал тимот на Зинедин Зидан се фотографираше со маички на кои пишуваше: „Икер сите се со тебе“, додека на главната трибина се појави банер со голманот со порака: „Мадридизмо е со тебе. Сила за Икер, вечниот капитен“.
When Casillas was our goalkeeper there was no empty seat on Bernabéu #RealMadridVillarreal pic.twitter.com/IJv7kQRfXw
— hazzalouis ♡ (@hazzaLouis3) May 5, 2019
?? These are the t-shirts the team will wear before kick-off in support of @IkerCasillas! #FuerzaIker pic.twitter.com/ejJZkSHl2U
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) May 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ја плати победата во Билбао
Во 19-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 3:0 на гостински терен против Атлетик во Билбао. Килијан Мбапе ги предводеше „Кралевите“ до победа со два, а Едуардо Камавинга додаде еден со асистенција на Мбапе. По овој резултат, Реал се доближи на еден бод од лидерот Барселона, додека Атлетик е осмиот тим во Ла Лига со 20 бода.
Победата во Билбао е со горчлив вкус, бидејќи мечот не го завршија двајцата најдобри, покрај Мбапе.
Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Токму кога го одигра најдобриот натпревари во дресот на Реал. Доживеа повреда на бутниот мускул на левата нога, а првите прогнози не се оптимистички, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Арнолд ќе биде подложен на детални прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но вестите што доаѓаат од клубот не влеваат надеж.
„И двата случаи се загрижувачки“, соопшти Реал, осврнувајќи се на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој исто така пред време го заврши натпреварот, само 14 минути откако Англичанецот излезе од игра во 55-та минута.
Спорт
Нејмар го води Сантос кон опстанок во лигата
Нејмар (33) му помогна на Сантос да направи клучен чекор во борбата за опстанок во лигата, постигнувајќи хет-трик во победата од 3:0 против Жувентуд. И покрај тоа што играше со повреда на коленото, бразилската ѕвезда ги постигна сите три гола во рок од 17 клучни минути во второто полувреме, со што му донесе на Сантос исклучително важна победа.
Нејмар веројатно ќе мора да се подложи на артроскопска операција на крајот од сезоната поради повреда на менискусот на левото колено. Тој ги одигра последните два натпревари со третмани за контрола на болката што ја чувствува. Со три нови гола, тој го зголеми својот учинок на 11 гола и четири асистенции во 29 натпревари за бразилскиот тим оваа сезона.
Хет-трикот против Жувентуд беше негов прв од април 2022 година, кога последен пат постигна три гола за Пари Сен Жермен против Клермон.
Поранешната ѕвезда на Барселона го постигна првиот гол во 56-та минута по брз контранапад. Помалку од десет минути подоцна, Нејмар повторно беше прецизен, овој пат по центаршутот на Игор Винисиус. Тој го комплетираше хет-трикот од пенал, кратко пред да биде заменет во 83-та минута.
Победата значително го оддалечи неговиот клуб од зоната за испаѓање, а до крајот на сезоната останува само еден натпревар. Сантос сега е два бода пред Виторија, клубот моментално на последното место меѓу четирите екипи кои испаѓаат во втората лига на Бразил.
Foto/ EPA
Спорт
Мареј шоу во Индијанаполис – Денвер ја декласира Индијана
Џамал Мареј одигра спектакуларен натпревар во Индијанаполис, го предводеше Денвер до триумф над Индијата 135:120.
Репрезентативецот на Канада го затрупа кошот на Индијана со 52 поени, погоди 10 тројки од 11 обиди, од поле промаши само шест пати (19/25). Овај учинк сепак не е најдобар во кариерата на Мареј, му недостигаа три поени за да постави личен рекорд.
Во сенка на Мареј остана и Никола Јокиќ, кој одигра на своето ниво (24 поени, осум скока, 13 асистенции). Уште тројца играчи на Денвер имаа довцифрен ефект.
Паскал Сиакам ги предводеше Пејсерси со 23 поени, додека Ендру Немхард имаше 16 поени и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Портланд 110:122
/Мичел 33 – Авдија 27/
Орландо – Сан Антонио 112:114
/Вагнер 25 – Фокс 31/
Атланта – ЛА Клиперс 92:115
/Александер Вокер 21 – Харден 29/
Њујорк – Шарлот 119:104
/Таунс 35 – Бол 34/
Чикаго – Бруклин 103:113
/Гиди 28 – Портер 33/
Хјустон – Сакраменто 121:95
/Шенгун 28 – Монах 25/
Милвоки – Детроит 113:109
/Портер 27 – Харис 20/
Далас – Мајами 118:108
/Флег 22 – Ве 22/

