Спорт
Реал нема намера да му плаќа на Мбапе 50 милиони евра од сезона
Килијан Мбапе одлучил да го напушти ПСЖ, преферира трансфер во Реал, но бил подготвен да разгледа и друг понуди, тврди „Марка“.
Услов за да се согласи на трансфер е некој да му понуди годишна плата од 50 милиони евра. Поточно, тој бара околу 250 милиони за петгодишен договор и тоа е услов за сите заинтересирани, вклучувајќи го и Реал.
Наводно тоа им го соопштила на заинтересираните клубови неговата мајка Фаиза која ги води преговорите. Луѓето од Реал на челот со првиот човек Флорентино Перез биле шокирани од кога слушнале што бара фудбалерот.
Реал нема намера летово да го доведат Мбапе, поточно да платат отштета за Французинот, ќе се обидат да го ангажираат следната сезона кога ќе биде слободен играч.
Исто така, како што тврди „Марка“, Реал нема намера да да го плаќа Мбапе 50 милиони евра по сезона. На „Сантијаго Бернабеу“, сметале дека Мбапе премногу размислува за пари и веруваат дека мора да прифати намалување на платата во однос на таа што ја има. во Париз, за да го облече белиот дрес.
Тоа практично значи дека не можел да смета ниту на сегашните 45 милиони (со бонуси) што ги има во Париз.
Дали тоа значи дека Мбапе нема да пристигне во Мадрид, тешко е да се каже, особено што Перез не пропушта такви шанси. Првиот човек на „Лос Бланкос“ е креативен кога е во прашање постигнувањето договор, па би можел да најде некој друг начин како да ја надомести разликата меѓу она што го бара фудбалерот и она што е подготвен да го понуди клубот.
„Марка“ тврди и дека Реал нема да ангажира ниту еден напаѓач наместо Бензема, поточно некое големо име, пристигна ветеранот Хоселу и тоа ќе биде се кога е во прашање споменатата позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

