Спорт
Реал подготвил 60 милиони за вундеркиндот од Бразил
Реал Мадрид ќе ја добие трката за потписот на талентираниот бразилски фудбалер Ендрик. Вундеркиндот бил во Мадрид, на тренинзите ги импресионирал челниците на „кралскиот клуб“.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека преговорите се во тек и дека Реал има намера да ја актвира откупната клаузула од 60 милиони евра, плус и да понуди одредени бонуси за 16. годишникот од Палмеирас.
За младиот играч се заинтересирани и Челзи, ПСЖ и Барселона, но во моментов Мадрид се во најдобра позиција.
Ендрик ќе може да игра во некој од европските клубови дури кога ќе наполни 18 години, односно ќе може да го напушти Бразил во јули 2024 година. За да го добие Ендрик, Реал наводно е подготвен да се откаже од борбата за напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд.
Младиот фудбалер оваа сезона одигра 16 натпревари за Палмеирас во сите натпреварувања и постигна девет гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голем пресврт и брејк на Њујорк во Бостон

Њујорк Никс ги победија актуелните шампиони, Бостон Селтикс, со 108:105 по едно продолжение и поведоа со 1:0 во второто коло од плејофот.
Тимот од Њујорк успеа да се врати по минусот од 20 поени, го израмни резултатот на крајот од регуларното време и се избори за победа во продолжението.
Покрај уште еден маестрален меч на Џален Бренсон, овој натпревар ќе биде запаметен и по историски слабите шутерски перформанси на актуелните шампиони…
Во овој натпревар, Бостон Селтикс погодија 15 од 60 (!) тројки и со 45 промашувања надвор од линијата од 7,26 метри, поставија негативен рекорд кога станува збор за плејофот во НБА. На овој натпревар, Бостон шутираше 60 пати за три поени, а 37 пати за два. Интересно е што Никс, од друга страна, шутнаа вкупно 47 тројки.
Џален Брансон и О Џи Ануноби постигнаа по 29 поени, а Карл-Ентони Таунс имаше 14 поени и 13 скока за Њујорк. Херојот на Никс беше и Микал Бриџис, кој му ја украде топката на Џејлен Браун, во последниот напад од натпреварот, секунда пред крајот.
Селтикс, кои ги победија Никси во сите четири натпревари ги предводеа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со по 23 поени, а Дерик Вајт уфрли 19.
Вториот натпревар исто така ќе се игра во Бостон, во ноќта помеѓу среда и четврток.
Спорт
Подготвен уште еден отказ во Ф1

Како што пишуваат бројни медиуми, уште еден возач би можел да добие отказ во шампионатот на Формула 1. Алпин би можел да го замени Џек Дуан и да го промовира резервниот возач Франко Колапинто пред Големата награда на Емилија Ромања, која се вози во Имола од 16 до 18.мај.
Тоа би била втора промена на возачот оваа сезона откако претходно Јуки Цунода од Рејсинг Булс се пресели во Ред Бул, додека Лиам Лосон отиде во спротивна насока.
Дуан (22) досега не успеа да освои ниту еден поен во шесте трки од својата дебитантска сезона. Двапати не ја заврши трката, а има 13-то, 14-то, 15-то и 17-то место. Тој значително го оштети автомобилот во два наврати – на трка во Австралија и за време на тренингот во Јапонија.
Тимскиот колега на Дуан од Алпин, Пјер Гасли, исто така не се снаоѓа баш најдобро, но сепак успеа да освои поени на една трка. Тој заврши на седмото место на Големата награда на Бахреин. Алпин моментално е претпоследен во генералниот пласман на конструктори со седум бода, додека Кик Заубер е на последното место со шест.
Од друга страна, 21-годишниот Аргентинец Колапинто возеше во Вилијамс во последните девет трки од минатата сезона и остави добар впечаток, а неговиот најдобар пласман беше осмото место. Сепак, тој имаше и неколку големи несреќи, што малку му го наруши угледот.
Спорт
Двајца загинати во трка во Британското суперспорт првенство

Британските мотоциклисти Шејн Ричардсон и Овен Џенер ги загубија животите во ужасна несреќа што се случи за време на втората трка од Британското суперспорт првенство во Оултон Парк.
Големиот инцидент се случи во првата кривина од првиот круг, а во него учествуваа вкупно 11 возачи. Трката веднаш беше прекината, а остатокот од програмата беше откажан.
Од 11-те возачи, тројца се здобија со тешки повреди, а 29-годишниот Ричардсон и 21-годишната Џенер им подлегнаа на повредите.
„Овен Џенер првично беше лекуван на патеката, а потоа однесен во медицински центар каде што, и покрај обидите да го реанимираат, почина од сериозна повреда на главата“, се вели во соопштението на шампионатот.
„Шејн Ричардсон, исто така, беше лекуван на патеката и однесен во медицински центар пред да биде однесен во Универзитетската болница Ројал Стоук поради сериозни повреди на градите. Тој им подлегна на повредите пред да стигне во болница.“
Покрај Ричардсон и Џенер, со сериозни повреди е пренесен во болница и 47-годишниот Том Танстал. Танстал претрпел повреди на грбот и градите.
Уште пет возачи беа згрижени во медицинскиот центар на патеката поради повреди кои не бараа хоспитализација.