Спорт
Реал пред пет години го плати 63 милиони евра, сега ќе игра за последниот клуб во Серија А?

Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.
Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.
Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.
Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Рашфорд одигра 33 минути на дебито за Барселона

Фудбалерите на Барселона го победија Висел Кобе со 3:1 во пријателски натпревар во Јапонија, а Маркус Рашфорд дебтираше за шпанскиот тим.
Рашфорд се приклучи на Барселона како позајмен играч од Манчестер јунајтед минатата недела. Англичанецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме.
Интересно е што тој одигра само 33 минути, сè до 78-та минута кога беше заменет од Дро Фернандес, кој го постигна третиот гол во 87-та минута.
Барселона поведе во 33-та минута кога Ерик Гарсија постигна гол, а Таисеи Мијаширо израмни десет минути подоцна.
Водството на Барселона го врати Руни Барги во 77-та минута, пред Фернандес да го постави конечниот резултат.
Натпреварот требаше да се игра на почетокот на неделата, но беше одложен бидејќи Барселона го обвини промотерот за сериозно прекршување на договорот.
Фото/ Принскрин
Спорт
Пјастри го победи Норис во Белгија

Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Белгија. До осмата победа во кариерата, Австралиецот дојде пред тимскиот колега, Кандон Норис, кој започна од пол-позицијата и возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Траката во Белгија доцнеше 76 минути поради силниот дожд, започна зад возилото за безбедност, а кога по два круга возачите добија дозвола да се тркаат, во првиот круг Пјастри го нападна Норис ја презеде лидерската позиција и победи.
До крајот на трката немаше возбудувања, Леклер успеа да се одбрани од Макс Ферстапен, кој немаше проблем со Џорџ Расел. Шестото место му припадна на Алекс Албон од Вилијамс.
Луис Хамилтон успеа од 18.место и старт од пит-стопот да дојде до седмата позиција.
Бодови во Белгија освоија Лијам Лосон (Рејсрнг Булс), Габриел Бортолето (Кик Заубер) и
Пјер Гасли (Алпин).
Пјастри по оваа трка ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Норис на 16 поени.
Наредната недела на програмата е Големата награда на Унгарија.
Фото/ Принскрин