Контакт

Спорт

Реал се мачеа, на крајот убедливо го поразија Алавес

Објавено пред

Реал запиша победа над Алавес од 3:0 во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига. Реал, на врвот има седум бода повеќе од Севилја, Алваес останаа на претпоследното место со 20 бодови, четири помалку од безбедната зона.

dobivaj vesti na viber

„Кралскиот клуб“, долго време се мачеше да го скрши отпорот на Алваес. На крајот во последната третина од натпреварот дојдоа до убелива победа.

Асеснсио го проби бедемот на гостите во 63.минута, а потоа меѓу стрелците се запишаа и најдобрите стрелци во екипата. Винисисус погоди во 80., а Бензема од пенал во 91.минута.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Финале за историја, ПСЖ и Челзи во судир за светската круна

Објавено пред

Европскиот шампион Пари Сен Жермен и актуелниот освојувач на Конференциската лига, Челзи, ќе се борат за титулата на првото издание на Светското клупско првенство во новиот формат со 32 екипи, што се одржува во Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот (по македонско време) на легендарниот стадион „Метлајф“ во Њу Џерси, каде фудбалска елита од цел свет ќе ги впери очите во двобојот што може да го дефинира фудбалот во 2025 година.

Двете екипи имаа речиси идентичен пат до финалето – по две победи и еден пораз во групната фаза, а потоа по три победи во елиминациските натпревари. Формата на тимовите е импресивна. Челзи забележа 13 победи на последните 15 натпревари, додека ПСЖ е во серија од 10 победи на последните 11 средби, притоа задржувајќи ја својата мрежа недопрена на 7 од последните 8 меча.

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, вели дека ова е само уште еден доказ за прогресот на тимот.

„Имавме неверојатна сезона, завршивме меѓу најдобрите четири во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига и сега сме во финале на светски турнир. Среќни сме, но сакаме уште“, истакна Мареска.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, е подеднакво амбициозен во пресрет на финалето.

„Ова е посебна сезона за нас. Имаме силен ривал во Челзи, но ние сме фокусирани и сакаме да испишеме историја за клубот. Подготвени сме“, рече Енрике.

Светот ќе добие нов клупски првак – прашањето е само дали тоа ќе биде „сините“ од Лондон или „светците“ од Париз.

Прикажи повеќе...

Спорт

Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор

Објавено пред

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, кариерата ќе ја продолжи во турската Суперлига. Тој и официјално е претставен како нов играч на екипата на Коњаспор, со која потпиша двегодишен договор, до 30 јуни 2027 година.

dobivaj vesti na viber

Откако пред десетина дена го прослави својот 30-ти роденден како слободен играч, Барди стави крај на шпекулациите и ја прифати понудата од турскиот суперлигаш. Тој беше претставен во тренинг-кампот на тимот во Ерзурум, каде што и официјално го облече новиот дрес со бројот 10, што е јасен показател дека клубот во него гледа лидер на играта.

Овој трансфер доаѓа во вистински момент за нашиот капитен, кој сега ќе има можност да се фокусира на клупските обврски и да ја темпира формата за клучните натпревари на македонската репрезентација што следуваат наесен во квалификациите за Светското првенство.

По настапите во Шкупи, Ујпешт, Леванте, Трабзонспор и Бодрумспор, Коњаспор ќе биде нов предизвик во богатата кариера на Енис Барди.

Прикажи повеќе...

Спорт

Спектакуларната Швионтек „на велосипед“ до тронот на Вимблдон

Објавено пред

Ига Свјонтек го освои првиот Вимблдон во својата кариера на спектакуларен начин. Во финалето ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:0, 6:0 за само 58 минути. Швионтек направи пробив на почетокот и од тој момент сè тргна по нејзина волја. Анисимова беше премногу нервозна и никогаш не успеа да ја загрози својата соперничка.

dobivaj vesti na viber

За жал за неа, таа дури и не успеа да се запише на семафорот и натпреварот заврши практично пред да започне. Швионтек сега има четири Ролан Гарос, по еден на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД, и ѝ недостасува само трофејот на Отвореното првенство на Австралија за да ја комплетира својата колекција од четири големи турнири.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија2 часа

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...

Култура2 часа

(Видео) Охридското лето се отвори, и уметноста прозборе – музиката и мајчинството во хармонија на Античкиот театар

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со...

Топ3 часа

Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно...

Македонија4 часа

Македонија под топлотен бран, температурите до 38 степени

Македонија денеска е под влијание на топол воздушен бран што носи високи температури и претежно сончево време. Според Управата за...

Македонија17 часа

Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори...

Македонија22 часа

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија22 часа

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија24 часа

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија1 ден

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија1 ден

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија2 дена

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија2 дена

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија2 дена

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија2 дена

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија2 дена

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија2 дена

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион2 дена

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...