Спорт
Ред Бул се заинтересирани за Пјастри
Оскар Пјастри од следната сезона би можел да вози за Ред Бул. Ова го навести Хелмут Марко, советникот во тимот.
„Марк Вебер, менаџерот на Пјастри сака да разговара со нас“, изјави Марко.
Вебер долги години бепе возач на Ред Бул и сега неговата цел е да го донесе својот клиент во Ред Бул. Пјастри важи за еден од најталентираните млади возачи. Годинава зад воланот на Мекларен оствари две победи.
Во болидот на Ред Бул, Австралиецот би го заменил Серхио Перез, кој има многу лоша сезона во најбрзиот циркус.
Шампионатот во Формула 1 продолжува овој викенд со трка во Мексико Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Светски рекорд на Кејт Даглас
Кејт Даглас исплива најбрзо во историјата на трката на 200 метри градно во базен од 25 метри.
Во текот на првиот ден на вториот митинг на Светскиот куп во Инчеон, Јужна Кореја, Американката ја запре стоперката на 2:14.16 минути.
За 41 стотинка ја поместила границата на соништата, која од 2009 година беше во сопственост на нејзината сонародничка Ребека Сони.
Спорт
Одложен утрешниот натпревар Болоња – Милан
Натпреварот меѓу Болоња и Милан во италијанското првенство нема да се одигра в сабота од 18 часот, како што првично беше планирано поради временските услови, соопштија локалните власти во Италија.
„Натпреварот Болоња-Милан би вклучувал присуство на 35.000 луѓе на стадионот Ренато Дал’Ара во близина на најфреквентното место во градот“, соопштија општинските власти на Болоња.
„Тоа би значело проблеми со јавниот ред со присуство на навивачи и затворање на сообраќајот на целата област од рано попладне до вечер“, се додава во соопштението.
Синоптичарите предвидуваат обилни врнежи од дожд во сабота во Болоња, каде веќе има дожд оваа недела, особено во областа каде што се наоѓа стадионот, каде што имаше поплави.
Новиот термин на натпреварот се уште не е објавен, веројатно натпреварот ќе се одигра во декември.
Спорт
Леверкузен остана без важен адут до крајот на годината
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Мароканецот Амин Адли, се повреди на натпреварот против Брест во Лигата на шампионите. Адли во ремито 1:1 играше од 70.минута кога влезе на местото на Патрик Шик.
Клубот се огласи по повредата на Адли, ја информираше јавноста дека тој ќе биде опериран и нема да игра до крајот на годината.
Адли се здобил со фрактура на тибијалната коска на левата нога.