Спорт
Рекорд на Атланта, Кари му пресуди на Милвоки, брилијантни партии на Јокиќ и Вучевиќ

Голден стејт вориорси ги шокираа Милвоки бакси, Атланта коукси поставија рекорд во НБА-лигата, Јокиќ и Вучевиќ ги предводеа своите тимови со нови победи, а Пол Џорџ и Џоел Ембид ги предводеа своите тимови до нови победи со 30+ поени.
Голден стејт против Милвоки бакс ја прекина лошата серија. Вориорси го победија тимот за кој не играше Јанис Адетокумбо со 122:121. Стеф Кари го предводеше својот тим со 41 поен. Поените за победа ги постигна Кели Убре од линијата за слободни фрлања на 7,7 секунди до крајот.
Атланта хокс го победи Њу Орлеанс пеликанс со 123:107. Хокс мечот го реши во третата четвртина, во која погоди 11 тројки од осто толку обиди. Ова е нов рекорд во НБА-лигата, претходниот го држеше Кливленд кавалирс, со девет тројки од девет обиди.
Во победата блескаа Тре Јанг со 30 поени и Богдан Богдановиќ со 21 поен и по четири скока и асистенции.
Денвер нагетси немаа проблем со најлошиот тим во Источната конференција, Детроит пистонс. Нагетси победија со 134.119. Никола Јокиќ мечот го заврши со 27 поени, осум скока и 11 асистенции, два поени помалку постигна Мајкл Портер Јуниор, а Вил Бартон уфрли 24 коша.
Никола Вучевиќ одлично се снајде во Чикаго. По само неколку натпревари ја презеде лидерската улога. Булси славеа победа над Индијана пејсерс 113:97, благодарение на Вучевиќ, кој забележа 32 поени и 17 скокови.
Џоела Ембид се врати по паузата поради повреда и ја предводеше Филаделфија до победата над Бостон селтикс со 106:96. Камерунецот натпреварот го заврши со 35 поени и шест скока.
Клиперс влегоа во форма, во дербито славеа над Портланд 133:116. Пол Џорџ го предводеше својот тим со 36 поени, на спортивната страна Норман Пауел заврши со 32 коша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Возбудливо реми меѓу Евертон и Тотенхем – резултат кој не одговара никому

Хери Кејн даде два гола, исто толку уфрли и Гилфи Сигурдсон, а Евертон и Тотенхем повторно одиграа возбудлив меч, од кој епилогот е 2:2 реми, кое драстично ги намалува шансите на двата клуба да направат подвиг и да влезат во топ 4, односно во Лигата на шампионите.
Кејн во 27. минута го донесе тимот на Жозе Мурињо во водство, но Евертон израмни во 31. минута од пенал преку Сигурдсон. Потоа, Евертон дојде во водство преку Сигурдсон во 62. минута, за седум минути подоцна, Кејн да израмни на 2:2.
Со поенот, Тотенхем останува на седмото место со 50 поени, Евертон е осми со 49 поени, со таа разлика што Тотенхем има 32 одиграни натпревари, а Евертон 31. Во моментов, Лестер се трети со 56, Вест хем се на четвртата позиција со 55 поени, петти се Челси со 54, а шести Ливерпул со 53. Сите овие клубови имаат по 31 натпревар, односно имаат уште седум меча до крајот на сезоната, освен Тотенхем кој треба да одигра шест.
Спорт
Билетите за Мекгрегор-Поаире III распродадени за секунди!

Иако постоеше стравување дека мечот воопшто нема да се оддржи, последниот дел од трилогијата Конор Мекгрегор-Дастин Поаире е полн погодок за УФЦ, откако шефот Дејна Вајт се пофали дека билетите за нивната пресметка на 10 јули во Лас Вегас се продале за неколку секунди.
„Бум! Се гледаме во Вегас“, напиша Вајт на Твитер со објава дека се продадени 10.800 билети за спектаклот.
УФЦ е еден од првите спортови кои се вратија по пандемијата на КОВИД-19, организирајќи мечеви на „Островот на борбите“ во Средниот Исток, но и во Лас Вегас (без гледачи). Но, сега, веќе на 24 април ќе има публика на УФЦ 261 на Флорида (околу 15.000), каде што за појасот во велтер категорија ќе се борат Камару Усман и Хорхе Масвидал.
BOOOOOOM!!!!!!!! See you in Vegas👊🏻 pic.twitter.com/PqZBljX0DF
— danawhite (@danawhite) April 16, 2021
Спорт
Двејн Вејд стана акционер во Јута, сака да има улога во тимот

Трикратниот НБА шампион, Двејн Вејд купил акции од Јута Џез, придружувајќи му се на главниот акционер Рајан Смит со планови да има активна улога во клубот и во регионот на Солт Лејк Сити.
Вејд, кој поголемиот дел од кариерата го помина во Мајами хит е последен од низата на поранешни НБА ѕвезди кои купија дел од НБА тимови, вклучувајќи ги Грент Хил (Атланта хокс), Шекил О’нил (Сакраменто кингс) и секако, Мајкл Џордан, кој е главен акционер во Шарлот хорнетс. Меџик Џонсон претходно имаше 4 отсто од Лос Анџелес лејкерс.
„Ова е над сонот кој го имав само да играм кошарка во НБА. Го видов Шек како работи во Сакраменто, Грент во Атланта и Џордан во Шарлот. Ова е еден вид на партнерство и сакам да бидам вклучен. Многу е тешко да се дојде до ваква можност и не ја сфаќам несериозно. Му благодарам на Рајан и верувам дека ќе донесам многу повеќе од моето знаење во кошарката“, изјави Вејд.
39-годишниот Вејд се сретнал со Смит на голф во Калифорнија веднаш по пензионирањето во 2019 и тие станаа блиски пријатели. Вејд вели дека научил многу од 42-годишниот Смит, кој е газда на компанијата „Квалтрикс“ со која направи богатство пред во октомври да го купи Џез за 1.66 милијарди долари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш